4 возбудливи игри кои можете да ги играте со вашето куче

4 возбудливи игри кои можете да ги играте со вашето куче

Кучињата се социјални животни и играњето со нив ги учи на врски и на комуникација. Карактерот на вашето куче ќе одреди кои игри би сакало да ги игра, па вреди да експериментирате со неколку за да дознаете која му е омилената. Погледнете ги 4-те игри кои кучињата најмногу ги сакаат.

4-vozbudlivi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-so-vasheto-kuche-kafepauza.mk

1. Криенка

Ова е одлична игра за сетилото за мирис на вашето куче. Кучињата користат комбинација од следење траги и миризби за да ве пронајдат. Тие ќе душкаат наоколу за да ве пронајдат и ова е одличен начин да го вежбаат нивното сетило за мирис.

Оваа игра е најдобра со двајца луѓе. Некој ваш пријател нека го држи кучето додека да се скриете. Кога ќе најдете место за криење викнете го. Доколку играте прв пат, можеби ќе треба да викнете неколку пати. Откако ќе ве најде, дајте му некоја награда како знак дека направило добра работа.

2. Игри со барање

Станува збор за варијација на претходната игра, а целта е да го научите вашето куче како да ја пронајде неговата омилена играчка. Одберете ја онаа што најмногу ја сака бидејќи во спротивно постои можност да не покаже заинтересираност.

Привлечете му го вниманието на кучето и фрлете ја играчката далеку од вас. Потоа охрабрете го да почне да ја бара. Откако ќе ја повторите играта неколку пати, вашето куче ќе почне да сфаќа што треба да направи, па можете да го отежнете нивото на играта.

Некои кучиња не сакаат играчки, па можете да пробате со криење на нивната омилена храна.

3. Тегнење

Оваа игра е забавна за многу кучиња, но многу сопственици ја избегнуваат бидејќи мислат дека ќе го направи нивото куче агресивно. Всушност, вие го контролирате нивното однесување доколку се осигурите дека иницијативата за играта е ваша. Ова значи дека вие ги поставувате правилата, а не вашето куче.

Наредете му на кучето да ја земе играчката додека ја мрдате пред него. Кога ќе ја фати држете го заинтересирано со тоа што ќе ја тегнете. По некое време наредете му да ја пушти без повторување. Вашето куче може да продолжи со тегнењето, но по извесно време ќе ја пушти играчката. Потоа направете пауза од играта, па повторете ја. Ова ќе го научи вашето куче дека може да ја играте играта само кога ќе го „поканите“.

4. Бркање и враќање

Многу кучиња сакаат да бркаат играчки, но не сите знаат да ги вратат назад. Можете да ги научите да го прават ова така што ќе почнете со учење како да ја држат играчката.

Понудете му ја играчката на вашето куче а потоа пофалете го за тоа. Дајте му награда само ако ја спушти пред вашите нозе. Следниот чекор е да трчате наназад за вашето куче да мора да ве следи за да ја добие наградата. После неколку повторувања, тоа ќе сфати дека ќе ја добие наградата само ако ја спушти играчката пред вас.

Погледнете ги и овие креативни подароци за вашето куче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар