4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците

4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците

Откако Александар Флеминг го открил пеницилинот во 1928 година, смртта од заразните болести нагло опаднала. Антибиотиците им овозможиле на луѓето да се борат против бактериските инфекции кои во минатото земале многу животи. Но, има шанси да ја изгубиме оваа неверојатна предност поради отпорноста на антибиотиците. Бактериите еволуираат и стануваат сè подобри при адаптирање и преживување во борбата против овие лекови. Како што сè повеќе видови бактерии стануваат отпорни на антибиотиците, постојат реални шанси човештвото да влезе во нова фаза која ќе нè врати назад во времето, пред неверојатното откритие на Флеминг, каде што повторно ќе бидеме ранливи на бактерии.

4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците

Најголемиот проблем со антибиотиците е што просечниот човек не знае многу за нив и за начинот на кој функционираат, па токму затоа и може да придонесува за зголемувањето на овој ризик. Во чест на светската недела за проширување на свесноста за антибиотиците, погледнете ги следниве 4 нешта кои сите вие треба да ги знаете со цел да ги користите поодговорно.

1. Антибиотиците се борат само против бактериите, не и против вирусите или габите

Како што ни покажува и самото име, антибиотиците се дизајнирани да се борат против бактериските инфекции. Тоа значи дека тие нема да функционираат против болести предизвикани од вируси, како настинката или грипот, како и против габичните инфекции. И покрај тоа што некои луѓе ги бараат овие лекови кога се болни, секој добар доктор би одбил да им ги препише и ќе препорача соодветни медикаменти. Сепак, ако станува збор за настинка, најдобро е доколку му дозволите на вашето тело само да се избори против неа.

2. Антибактериските продукти претставуваат огромен ризик за околината

Антибактериските сапуни не прават ништо повеќе од обичните кога станува збор за дезинфекција на вашите раце, но тие дефинитивно се лоши за околината. Компонентите од кои се состојат не можат да бидат филтрирани, па токму затоа и преку канализацијата се враќаат назад во околината и стануваат дел од водниот циклус. Ова може да има ужасно влијание врз околниот воден жив свет, бидејќи сите останати организми се изложени на нивните состојки.

3. Најголемите корисници на антибиотиците се добитокот

Неверојатни 80% од сите антибиотици се препишуваат за животни кои живеат во фабрики. Лошите услови во кои тие живеат се голем стрес за животните кој прави да имаат поголем ризик од разболување. Токму затоа и тие добиваат големи дози антибиотици како превентива. Оваа непотребна практика не прави ништо друго освен зголемување на бактериската отпорност на лековите.

4. Отпорноста на антибиотиците се однесува на отпорноста на бактериите на лековите, а не на личноста

Едно неодамнешно истражување покажало дека голем дел од луѓето веруваат дека отпорноста на антибиотиците настанува бидејќи нивното тело станува отпорно на ефектите од лековите, па токму затоа и решаваат да си ја скратат својата терапија. Но, тоа е сосема неточно. Доколку не ја испиете препорачаната доза, вие ќе ја оставите бактеријата во вашето тело и ќе ѝ овозможите подобро да се адаптира следен пат кога ќе ве нападне. Отпорноста на антибиотиците се однесува на бактериите, кои со тек на време се адаптираат и стануваат посилни од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар