4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења
Древните Келти биле многу спиритуални луѓе кои наоѓале симболизам дури и во најобичните работи. Како и многу други спиритуални народни групи, тие ги користеле мандалите за да ги изразат нивните верувања во физичка и уметничка форма. Келтите ги сметале мандалите за креативен начин да се поврзат со нивните предци и потекло. Тие ги користеле мандала симболите за да ги визуализираат нивните желби, да ги покажат нивните визии, но и да ја збогатат нивната култура и традиција.
Мандалите им помагале на древните Келтите да се фокусираат, да ги вклучат нивните срца и умови за да ја остварат целта, да станат посвесни и да добијат чувство на вистинско просветлување. Со други зборови, мандалите биле алатки кои им служеле за отворање и збогатување на умот. Тие им овозможувале на поединците да нурнат во длабочините на нивната душа и да постигнат здрава рамнотежа помеѓу нивните внатрешни мисли и надворешно однесување. Келтите верувале дека на тој начин ќе можат подобро да комуницираат со духовите и да си ја подобрат интуицијата.
Симболите што ги користеле Келтите, претставени преку уметнички мандали, ни откриваат многу за нивната култура, верувања и историја. Ова се скриените значења на најмоќните и највпечатливите мандали од келтската традиција…
1. Дрво на животот
Една од најпрепознатливите келтски мандали е дрвото на животот. Восхитот и почитта кон дрвјата биле присутни во срцата на сите Келти и овие природни чуда биле од големо значење во нивниот древен симболизам и традицијата. Дабовото дрво било најмногу ценето бидејќи порано ги покривало шумите на островите. Друидите ги држеле нивните лекции среде дабови дрвја, бидејќи келтските зборови за „дрво“ и „мудрост“ биле многу слични и симболични.
Според Келтите, целиот универзум можел да се отслика во едно единствено дрво, каде што корените растат длабоко и цврсто го држат во природата, а гранките се извишуваат нагоре кон небесата. Сите добра и сиот живот живееле во ова дрво, бидејќи тоа го овозможило создавањето на вселената. Па, така дрвото се сметало за Мајка која била грижлива и дарежлива. Испреплетените гранки, што се честопати прикажани на оваа мандала, го означуваат келтското верување во цикличната природа и траењето на животот.
2. Келтски јазол
Келтскиот јазол е уште еден познат симбол од историјата и културата на оваа народна група. Тој е присутен во разни уметнички форми благодарение на неговата универзалност, со тоа што јазлите варираат од едноставни до комплицирани. Основното симболично значење на овој јазол е многу просто: Меѓусебна поврзаност. Келтите цврсто верувале во испреплетеноста на животот и вечноста. Доколку луѓето се сконцентрирале на оваа мандала, можеле да го следат нејзиниот тек и да создаваат интуитивни врски со нивното сопствено патување низ животот. Освен тоа, овој келтски симбол ја претставува келтската традиција според која постоела силна поврзаност помеѓу човекот и неговите предци.
Продолжете на следната страница за останатите симболи и нивното значење…