4 нешта за кои нашите мајки секогаш беа во право

4 нешта за кои нашите мајки секогаш беа во право

Колку и да ни се чинеле чудни и нелогични, некои совети и размислувања на нашите мајки секогаш биле издржани и имало зошто ги добиваме. Можеби некогаш сме сакале да превртиме со очите најмногу што можеме, но од денешен аспект токму овие нешта на кои нашите мајки инсистирале, придонеле да бидеме личностите кои сме. Ова се исповеди за 4 нешта за кои тие секогаш биле во право:

4 нешта за кои нашите мајки секогаш беа во право

1. Таа беше во право за мажите, особено тапанарите

„Не излегувај со некој со кого работиш, велеше таа. Но, и покрај сè, не ја послушав и излегов со момче со кое работевме во ист ресторан. По раскинувањето, беше ужасно да го гледам секој ден. Никогаш повторно!“

„Ми велеше да престанам да се гледам со тапанари. Имав три врски со тапанари, кои неславно завршија, а потоа решив да ја послушам. Мајка ми навистина беше во право.“

2. Таа беше во право за кремите со заштитен фактор

„Таа ме советуваше да не претерувам со сончање секое лето и да не ги корнам веѓите премногу. Не послушав ништо и секако, зажалив и за двете.“

„Лудата фризура со една избричена страна, а другата со должина на боб-фризура секако не беше добра одлука! Штета што не послушав пред да го направам тоа.“

4 нешта за кои нашите мајки секогаш беа во право

3. Планирањето и не е толку лошо

„Постојат толку нешта за кои мајка ми беше во право, но за едно сум ѝ целосно благодарна сега откако пораснав – да ја подготвам облеката што сакам да ја носам следниот ден од претходната вечер. Заштедува навистина многу време наутро.“

„Носи јакна! Најверојатно, 916 пати смрзнував надвор бидејќи не ја послушав мајка ми.“

4. Малата благодарност отвора пат без пречки

„Секогаш заблагодарувај се – тоа не беше лесна задача кога бев дете, но потоа ми стана навика. Кога последен пат напуштив работа, колега ми покажа дека уште ја чува пораката со благодарност која ја испратив откако бев примена.“

„Јас и сестра ми се каравме ужасно кога бевме деца и кога мајка ми велеше дека еден ден ќе бидеме најдобри пријателки, не ѝ верувавме. Но, сега кога сме постари и кога не можеме една без друга, точно знаеме – мама беше во право.“

Прочитајте ги и овие совети за момчињата кои некои девојки ги добиле од своите мајки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар