4 нешта што треба да ги знаете ако ве привлекува интелигенцијата

4 нешта што треба да ги знаете ако ве привлекува интелигенцијата

Сѐ поголем број луѓе се вртат кон интернетот за да запознаат личности кои имаат слични или исти интереси како нив. За групирање на тие интереси е потребна соодветна терминологија, па затоа се измислуваат нови зборови кои ќе го доловат значењето на одредени нешта кои се сметаат за привлечни.

0-4-neshta-shto-treba-da-gi-znaete-ako-ve-prevlekuva-inteligencijata-kafepauza.mk

Дали имате авантуристички дух, или можеби сакате да читате, или пак сте љубител на спортски настани? Овие реченици се прост пример за тоа дека е потребна нова терминологија која на краток начин ќе ги објасни посакуваните карактеристики.

1. Постои нов термин за луѓето кои ги привлекува интелигенција

„Сапиосексуалец“ е личност за која културниот и социјално свесниот ум е најатрактивната карактеристика од сите.

2. Сапиосексуалецот некогаш се нарекува и „нимфобрејнијак“

„Сапиосексуалците се луѓе кои се ‘палат’ на начинот на кој личноста размислува“ – објаснува Дајана М. Рааб од сајтот „Psycology Today“. „Тие се луѓе кои се заљубени во мозокот. Понекогаш, сапиосексуалните индивидуи се нарекуваат и ‘нимфобрејнијаци’ – индивидуи кои се привлечени од помислата да бидат на исто ниво со интелектуалната перспектива на другата личност.“

3. Зборот официјално го има во речникот на љубовните состаноци на веб-сајтот „ОКCupid“

Луѓето кои го користат овој термин очигледно имаат намера тој да биде од голема комуникациска значајност. Оние корисници на сајтот кои се опишале како сапиосексуалци и се од Њујорк имаат неколку карактеристики – тие се млади, атеисти се, живеат во Бруклин и нивната листа на омилени книги се состои од филозофски и теоретски текстови.

4. Овој термин брзо станува еден од најпребаруваните тагови на сајтот „OKCupid“

„Тоа е веројатно основната причина зошто не го направивме ова порано“ – вели Мајк Максим, шеф на технолошкиот оддел на сајтот „OKCupid“. „Оваа можност беше долго барана, можеби со години.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар