4 нешта што ги правевме само кога бевме деца, а можат многу да ни помогнат и како возрасни
Понекогаш навистина е здодевно да се биде возрасна личност. Да, точно е дека можеме да пиеме алкохол, да остануваме до подоцна, и да возиме автомобил (не и кога сме под дејство на алкохол и излезени до подоцна!), но по која цена? За да преживееме во животот, потребни ни се пари и за жал голем дел од луѓето мора да работат барем 8 часа дневно на позиција која е или здодевна или исполнета со многу стрес. Но, што ако ви кажеме дека постои начин да се „поправи“ возрасниот живот, доколку се навратите на одредени нешта кои обожававте да ги правите како деца?
Децата имаат мисија да се забавуваат во текот на целиот ден, па токму тоа и им овозможува да бидат повеќе вклучени во нештата што ги учат. Доколку ја доведете оваа навика и во вашето работно место, вие не само што ќе бидете попродуктивни, туку истовремено ќе го поминете денот и посреќни. Зарем не вреди да пробате?
1. Време за дремка
Дремката е можеби една од најпотценетите делови во секојдневната рутина на децата кои одат на училиште. Тие не само што ги полнат со енергија, туку и ги прават посреќни и пофокусирани. Секој од вас треба да наоѓа време за дремка во текот на денот, бидејќи откако ќе се намали ефектот на утринското кафе, работата може да почне да ви изгледа многу потешка и потемна од претходно. Ако дремнете, ќе се освежите и ќе можете со полна пареа да продолжите понатаму.
2. Голем и мал одмор
Не сите сакаат или можат да дремнат во текот на денот. Но, тоа не значи дека не постојат други начини на кои можете да ги наполните вашите батерии. Можеби вам повеќе ви одговара да излезете на свеж воздух и малку да се размрдате. Токму затоа и треба да ги вратите големите и малите одмори од училиштата назад во вашиот живот. Сите оние нешта кои порано ги правевте во училишните дворови, можете да ги практикувате и за време на паузите од работа. Сè што е потребно е да го посетите најблискиот парк и откако ќе се вратите на работа ќе имате посвежа перспектива на нештата.
3. Зимски и летен распуст
Однапред испланираниот одмор е најдобриот дел од детството. Да, професорите секојдневно ви давале домашни работи, но вие знаевте дека кога тогаш кога ќе дојде зимскиот или летниот распуст, па ќе бидете слободни да правите сè што ќе ви падне на ум. За зимскиот распуст, најчесто одевте на скијање, додека пак, за летниот – скоро секогаш бевте на море. Да се има гарантирана недела за одмор може да ви помогне многу при вашата работа, токму затоа и не одбегнувајте да ги користите вашите слободни денови.
4. Вонучилиштни активности
На крајот од секој работен ден, вие се упатувате кон вашиот дом, легнувате на каучот и не станувате додека не дојде време за спиење (ако не заспиете во меѓувреме). Но, се сеќавате додека бевте во училиште, колку повеќе енергија имавте по завршувањето на часовите? Тоа се случува бидејќи бевте многу поактивни, за разлика од сега. Вонучилиштните активности како спортот, часовите за танцување или свирење музички инструмент или пак, драмската секција не само што ви помагаа да запознаете нови пријатели, туку ве ослободуваа и од стресот кој секојдневно се насобирал во вас. Оваа пракса може многу да ви помогне и денес, без разлика на изборот што ќе го направите. Хобито е клучно при полнењето со енергија, без разлика дали имате талент за истото или не.