4 научно докажани причини зошто треба да поминувате повеќе време во тишина
Секој момент од нашиот живот е исполнет со врева и најразлични звуци, поради што сме свикнале на оваа акустична загаденост која ја сметаме за нормална и дури не ни обрнуваме внимание на звуците од сообраќајот, телевизорот и гужвата. Но постојат неколку причини поради кои треба да поминуваме повеќе време во тишина…
1. Тишината им помага на мозочните клетки да се регенерираат
Според истражување од 2013 година, само два часа поминати во тишина помагаат при формирањето нови клетки во делот од мозокот задолжен за учење и помнење.
2. Тишината нè прави покреативни
Нашиот мозок е активен дури и кога телото одмара. За време на одморот, тој ги процесира сите информации кои ги примил во текот на денот. Кога овој процес поминува добро, без да биде прекинат од звуци или други дистракции, мозокот го активира оној дел кој ги содржи сеќавањата и емоциите. На тој начин ја поттикнува нашата имагинација и ги зголемува нашите способности. Како резултат на времето поминато во тишина, ние стануваме покреативни и поотворени за нови искуства.
3. Тишината нè ослободува од стрес и тензија
Повеќепати е докажано дека постојаната бучава влијае на мозокот а тоа доведува до зголемување на нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес. Тишината, од друга страна пак, го има спротивниот ефект – отсуството на врева го ослободува мозокот и телото од тензија. Научниците ги набљудувале промените во крвниот притисок и циркулацијата и заклучиле дека две минути поминати во тишина се поефективни од слушање на каква било музика за релаксација.
4. Тишината го обновува нашиот извор на идеи и инспирација
Бучавата ни пречи кога треба да решиме некаков проблем во секојдневниот животот или работата и може да биде главната причина за намалување на нашата мотивација, внимание, како и за зголемување на бројот на грешките што ги правиме. Некои истражувања докажале дека децата кои живеат или одат во училиште кое се наоѓа во близина на прометна улица или шини, имаат послаби оценки по читање и изучување јазици од децата што живеат во потивки области. Добрата вест е што мозокот може да го поврати она што го изгубил како резултат на звучното загадување.