4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите одлуки

4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите одлуки

Дали понекогаш се потсетувате на некоја лоша одлука која сте ја направиле во минатото и сте се запрашале што сте мислеле? Постои голема веројатност дека не сте мислеле воопшто, туку дека сте реагирале според вашите емоции, а не логиката. Независно дали сте се гледале со некоја атрактивна личност која лошо се однесувала со вас или лошо сте инвестирале, вашите чувства можат да ве оттргнат од вистинскиот пат. Колку поинтензивни се емоциите, толку позамаглена и нелогична е и вашата пресуда. Најдобрите одлуки се носат кога има внимателна рамнотежа помеѓу чувствата и логиката, бидејќи колку што е помала логиката, толку е поголема веројатноста да донесете некоја ирационална одлука. Во продолжение прочитајте ги 4-те начини на кои емоциите можат да влијаат негативно врз вашите одлуки.

4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите емоции

1. Возбудата може да ве натера да ги прецените вашите шанси за успех

Има добра причина зошто казината употребуваат силни светла и гласни звуци. Колку повозбудено се чувствувате, толку повеќе пари ќе потрошите. Независно дали земате некој голем заем за некоја возбудлива можност или се обложувате на некоја трка или натпревар, ако се чувствувате возбудено погрешно ќе го процените ризикот.

2. Анксиозноста од еден проблем во вашиот живот може да премине и во друг

Ако сте анксиозни за нешто што се случува во вашиот личен живот, на пример се грижите за здравјето или сте нервозни бидејќи треба да купите нешто ново, тоа може да ве направи да се чувствувате анксиозни и врз работните одлуки. Дури и ако ситуациите се неповрзани, истражувањата покажуваат дека е многу поверојатно да имате тешкотии во разликувањето на ситуациите кога сте нервозни. Анксиозноста која произлегува од еден проблем може да ве натера да одбиете да направите промена и да донесете погрешни одлуки.

3. Чувствата на тага можат да ви ги намалат очекувањата

Истражувањата покажуваат дека вашите цели ќе бидат пониски доколку се чувствувате тажно. Во една студија, испитаниците биле натерани да продаваат различни производи. Оние кои се чувствувале тажно одредувале пониски цени на производите, отколку оние кои биле порадосни. Истражувачите сметаат дека тагата им ги намалила очекувањата, со надеж дека брзото исполнување на целта ќе ги направи посреќни. Создавањето ниски очекувања за себе може да нѐ спречи да ги оствариме нашите цели и да го отклучиме нашиот целосен потенцијал.

4. Лутината и срамот можат да ве натераат да правите брзи одлуки

Интензивните емоции можат да ве направат ранливи на високите ризици и неисплатливите избори. Истражувачите сметаат дека овие чувства ги нарушуваат способностите за самоконтрола. Природно, кога се чувствувате емотивно, вашиот ризик може да стане самодеструктивен.

4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите емоции

Балансирајте ги емоциите и логиката

Емоциите играат голема и важна улога во процесот на донесување одлуки. Анксиозноста понекогаш може да нѐ спречи да направиме некој лош избор, а досадата може да предизвика искра која ќе нѐ натера да ја следиме нашата страст. За да правиме балансирани избори, треба да ги осознаеме емоциите. Да обрнеме внимание на начинот на кои нашите чувства можат да го променат нашето размислување и да влијаат врз нашето однесување. Со запишувањето на позитивните и негативните страни на тешката одлука, ја зголемуваме логиката, а ја намалуваме емотивната реактивност. Со гледањето на фактите на хартија можеме да си помогнеме во рационализирањето на нашите можности и да ги спречиме емоциите да ја замаглат нашата пресуда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар