4 начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото

4 начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото

Многу често луѓето веруваат дека говорот на телото, односно невербалната комуникација е вистински „јазик“ и дека одредени невербални знаци имаат јасни и специфични значења и дефиниции. Реалноста е дека работите се малку покомплицирани од тоа. Погледнете ги најчестите грешки кои луѓето ги прават при толкување на говорот на телото.

4 начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото

Верувањето дека насмевката секогаш значи насмевка

Едно истражување покажало дека одредени луѓе, особено жените, ја прикриваат непријатноста со насмевка. Во оваа студија, жените за време на интервју биле изложени на благо сексуално вознемирување на кое најчестиот одговор бил непријатна (и вештачка) насмевка. Проблемот во оваа реакција е што мажите ја интерпретираат позитивно, како покана за заведување. Многу истражувања на оваа тема откриле дека постојат 2 вида насмевки, насмевки поттикнати од уживање и лажни насмевки. Клучот е во очите, кои за време на вистинската насмевка се стеснуваат, додека пак при лажната насмевка остануваат непроменети.

Разликувањето лаги од вистини

Едно истражување покажало дека мал број луѓе можат да детектираат лаги без тоа да се препише на случајноста. Ние едноставно не сме добри кога станува збор за читање на комплексната невербална комуникација, а лагите се едни од најкомплексните интеракции. Во оваа студија се открило дека луѓето всушност одржуваат подолг контакт со очите кога лажат, најверојатно затоа што го знаат стереотипот дека лажговците избегнуваат контакт со очите, па токму затоа претерано компензираат.

Претпоставката дека допирот значи наклонетост

Ние веруваме дека допирот е знак на наклонетост, но тој може да значи и многу други нешта. Голем број студии на оваа тема покажале дека понекогаш мажите ги допираат жените како знак на доминација. Исто така, во дел од овие интересни студии, се открило и дека келнерките кои ги допирале своите потрошувачи добивале поголем бакшиш. Постојат и други индивидуални разлики во допирите, на пример, некој би можел да ја допре вашата рака за да ви го привлече вниманието, но тоа не мора да значи дека таа личност има позитивни чувства за вас.

Мислењето дека „ааа“ значи нервоза

Она што ве учеле на училиште е погрешно. Пополнувањето на паузите во говорењето со „ааа“ не секогаш укажува на нервоза и заборавеност, туку може да биде и начин на кој се подобрува текот на комуникацијата. Едно истражување покажало дека зголемената употреба на „ааа“ била поврзана со попозитивни оценки на оние кои држат говори, најверојатно затоа што овој звук помеѓу празните простори од зборовите и фразите го направил самиот говор да изгледа пофлуиден и понепрекинат.

Едноставно не постои речник на невербалната комуникација. Со тек на време секој од вас може да стане подобар декодер на говорот на телото, но потребно е многу време и вежба. Една мудра стратегија е да не се потпирате на здраворазумските размислувања, па наместо тоа обидете се да го најдете вистинското значење на невербалниот знак така што ќе ја земете предвид целата ситуација, како и личноста со која сте во контакт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар