4 начини да заштедите пари на е-книги
Вашиот електронски читач никогаш не ви е вон дофат, а вкусот за литература со еден збор може да ви се опише како – разновиден! Тоа е одлично, но ако сте зависници од книги, тоа значи и дека трошите многу пари за да ја задоволите вашата потреба за читање. Имајќи го ова на ум, погледнете ги следниве сервиси што можат да ви помогнат редовно да наоѓате попусти и различни понуди за е-книги што истовремено и ќе ја задоволат вашата жед за пишаниот збор, но и малку ќе ви го заштитат паричникот.
1. BookPerk
Пријавете се за дневни имејлови од BookPerk за да добивате листи од книги на попуст што можете да ги симнете во истиот момент. Ова исто така е и многу подобар начин да ја полните вашата електронска библиотека отколку постојано да пребарувате низ милионите наслови. Најдобро од сѐ е што добивате бесплатна е-книга со самото пријавување за добивање имејлови!
2. Scribd
По 30-дневниот бесплатен период, Scribd ви дозволува за само 8,99 долари, односно 497 денари, да добивате месечен пристап до три е-книги и една аудио книга, плус списанија и други документи.
3. Kindle Unlimited
Исто како и Scribd, така и Амазон нуди 30-дневен пробен бесплатен период каде што можете да ги искусите сите придобивки на програмата Kindle Unlimited, што ви дава пристап до повеќе од милион наслови, од кои можете да зачувате до 10 истовремено на вашиот уред, на неограничен период. Откако ќе помине бесплатниот период, оваа услуга чини 9,99 долари или 552 денари месечно.
4. Kindle Lending Library
Уште една одлична понуда од Амазон! Таа е одлична за оние што не сакаат да ги чуваат своите е-книги засекогаш. Ако има Киндл или апликацијата Киндл, и иако имате акаунт на Amazon Prime, тогаш можете да позајмувате наслови во период од 14 дена. Тоа е исто како да одите во библиотека, без да ја напуштите удобноста на својот дом!
По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате!