4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

Овие загатки се толку едноставни што со сигурност ќе можете да ги решите за време на вашата кафе пауза. Но, доволно се интересни и за да ве поттикнат на размислување и да го разбистрат вашиот ум. Подготвени сте за предизвикот? Решете ги овие 4 логички задачи и нема сомнеж дека вашиот мозок ќе работи со полна пареа во текот на целиот ден…

1. Проблеми на патот

4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

Еден возач додека менувал гума случајно ги испуштил сите четири навртки во дупка за канализација. Се обидел да ги земе на секаков можен начин, но без успех. Човекот се помирил дека ќе помине со часови на патот, кога едно дете што минувало оттука му помогнало да го реши проблемот. Човекот го послушал советот на детето и успешно ја наместил новата гума и стигнал до најблискиот сервис за автомобил без никакви пречки. Каков совет му дало детето на возачот?

  • Решение

    Детето му кажало на човекот да извади по една навртка од останатите 3 тркала и да ги употреби за да ја зацврсти новата гума.

2. Подарок од вештерката

4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

Си бил еднаш еден згоден принц кој насекаде ја барал неговата идна свршеница. Летото само што не завршило кога тој стигнал до една колиба во која живеела стара вештерка. Изморениот патник побарал од неа да му дозволи да преспие една вечер. Вештерката се согласила и му дала храна, пиење и кревет за спиење. Наредното утро, додека принцот се подготвувал да го продолжи своето патување, таа му дала подарок и му рекла: „Ќе дојде време кога твојот пат ќе биде попречен од долга река без мост. Единствениот начин да ја поминеш реката е ако препливаш до брегот. Оваа волшебна наметка ќе ти помогне и нема да те остави на цедило!“ Нашиот херој го продолжил патувањето. Поминале сто дена и сто ноќи кога тој конечно стигнал до реката за која го беше предупредила вештерката. Но, на крајот, тој немал потреба да ја облече волшебната наметка за да ја помине. Можете да погодите зошто?

  • Решение

    Принцот стигнал во колибата на вештерката во септември. После тоа му требале 100 дена за да стигне до реката. Тоа значи дека додека стигнал таму, веќе било зима. Реката била замрзната и тој со одење стигнал до брегот.

3. Мистеријата на кафезот со зајаци

4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

Еден фармер чувал зајаци во три големи кафези кои биле наредени во ред во неговата градина. Секој од кафезите бил обоен со различна боја: Црвена, жолта и зелена. До неодамна, бројот на зајаци во зелениот кафез бил два пати поголем од бројот на зајаци во жолтиот кафез. Потоа, еден ден, фармерот земал 5 зајаци од левиот кафез и ги дал на локалното училиште. Потоа земал половина од зајаците кои останале во левиот кафез и ги префрлил во црвениот кафез. Можете да погодите во која боја бил левиот кафез?

  • Решение

    Левиот кафез е жолт. Како што ни е познато, на почетокот бројот на зајаци во зелениот кафез бил 2 пати поголеми од бројот на зајаците во жолтиот кафез. Ова значи дека во зелениот кафез имало парен број зајаци. Откако фармерот преместил 5 зајаци од левиот кафез, таму исто така останал парен број зајаци (ова е докажано со фактот дека бројот бил делив со два). Па така, пред тие 5 да биле преместени, левиот кафез имал непарен број зајаци. Тоа значи дека левиот кафез не може да биде зелен. Но, врз основа на информациите кои ги имаме, не може да биде ниту црвен!

4. Откријте го криминалецот

4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

Една доцна вечер, пешак бил прегазен во тесна уличка, по што автомобилот избегал без да застане. Еден полицаец го видел возилото кое избегало од местото на злочинот и пријавил дека возело со многу голема брзина. 6 сведоци ја виделе несреќата. Тие ги пријавиле следниве спротивставени забелешки на она што се случило:

  • Автомобилот бил син и возел маж.
  • Автомобилот се движел со голема брзина и трепкачите биле исклучени.
  • Автомобилот имал регистарски таблички и не се движел многу брзо.
  • Автомобилот бил Тојота и трепкачите биле исклучени.
  • Автомобилот немал регистарски таблички и возачот бил жена.
  • Автомобилот бил сив Форд.

Кога автомобилот и возачот биле конечно откриени, испаднало дека само еден од овие шест сведоци дал целосно точен опис. Сите останати петмина дале една вистинита и една лажна информација. Имајќи го тоа на ум, можете ли да дадете одговор на следниве прашања:

  • Која марка била колата?
  • Која боја била колата?
  • Дали колата се движела брзо или бавно?
  • Дали имала регистарски таблички?
  • Дали биле вклучени трепкачите?
  • Дали возачот бил жена или маж?
  • Решение

    Станува збор за син Форд. Имал регистарски таблички, возел со голема брзина и трепкачите не биле вклучени. Возачот бил жена. Решението на оваа загатка лежи во информацијата што ја дал полицаецот (автомобилот се движел многу брзо). Ако ја прифатиме оваа изјава како вистинита, тогаш изјавата на еден од очевидците е веднаш погрешна (автомобилот се движел бавно). Откако тоа сме го дознале, нема да имаме никаков проблем да ги елиминираме останатите невистини.

Бонус

Можете ли да именувате една работа што сите луѓе на планетата Земја ја прават истовремено?

  • Решение

    Остаруваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар