4 карактеристики што децата ги наследуваат само од мајките

4 карактеристики што децата ги наследуваат само од мајките

Без разлика дали бебето личи на мајката или на таткото, науката вели дека постои голема можност овие карактеристики да ги наследи од мајката. Од своите родители наследуваме сè, од однесувањето до интелигенцијата. Иако генетиката е сложена работа, истражувањата покажаа дека некои карактеристики се наследуваат само од мајката. Прочитајте за кои карактеристики станува збор.

4 карактеристики што децата ги наследуваат само од мајките

1. Интелигенција

Истражувањето направено на Универзитетот во Глазгов, во кое учествувале 12.000 млади луѓе на возраст помеѓу 14 и 22 години, открило кои фактори влијаат врз интелигенцијата вклучувајќи ги и социо-економскиот статус и образованието. Резултатите покажале дека најголемо генетско влијание врз интелигенцијата има мајката. Коефициентот на интелигенција на испитаниците се разликувал во просек само за 15 поени во однос на коефициентот на интелигенција на мајките.

2. Навики за спиење

Истражувањето објавено минатата година во едно медицинско списание открило дека мајките им ги пренесуваат своите навики за спиење на децата и дека малите деца чиишто мајки имаат несоница подоцна заспиваат и помалку се одмораат. Интересно е што научниците не нашле иста таква поврзаност со татковците на децата.

3. Брзина на стареење

Гените на мајката влијаат на брзината на стареење. Научниците од Институтот „Макс Планк“ откриле ДНК од митохондрија што се наследува само од мајките и делумно може да го контролира стареењето. Но, истражувањето било спроведено врз глувци, а не врз луѓе, така што секако се потребни понатамошни истражувања.

4. Период на менопауза

Возраста на којашто ќе минувате низ менопауза може да ја наследите од вашата мајка. Едно истражување спроведено во 2011 година од страна на Британскиот институт за истражување рак, кај над 2.000 жени открило дека и раната и доцната појава на менопауза (пред 45 години и по 55 години) е наследена од семејството. Сепак, истражувачкиот тим истакнал дека не е важна само генетиката затоа што и животниот стил може да игра голема улога. На пример, жените што се пушачи обично минуваат низ менопауза две години порано.

Прочитајте кои 11 необични карактеристики децата ги наследуваат од татковците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар