4 едноставни и корисни работи кои многумина не знаат да ги прават

4 едноставни и корисни работи кои многумина не знаат да ги прават

Веројатно ниту вие самите не знаете да правите некоја од овие работи.

1. Пливање

Знаењето како се плива може да значи спасување на живот или многу забава. Тоа и не е толку тешко да се научи и многумина го совладуваат уште во детството. И покрај тоа, многу луѓе влегуваат во зрело доба без да знаат како да се снајдат во водата. Според некои анкети направени во САД секој петти Американец не знае да плива или лошо го прави тоа, а се работи за земја во која пливањето е дел од наставата по физичко образование. Иако пливањето е вештина која лесно се учи, тоа не значи многу за луѓе кои имаат страв од вода. Тоа всушност е најбитниот фактор кој ги држи настрана од базените, езерата и морињата.

4 едноставни и корисни работи кои многумина не знаат да ги прават

2. Паралелно паркирање

Иако местата наменети за паркирање никогаш не се комотни, фактот дека сте добиле возачка дозвола треба да значи дека веќе сте ја совладале таа техника. Но, во реалноста тоа не е така. Вежбите на полигон често пати се изведуваат така што инструкторот ќе ве научи колку пати да го свртите воланот додека стигнете до некоја точка и кога да го завртите на другата страна. Тоа не е вистинско учење и се враќа уште во првиот момент кога со автомобилот ќе се најдете во гужвите на градските паркинзи. Потребно е доста тренинг за тоа добро да се научи, па затоа и понатаму има доста луѓе кои не можат да го направат тоа.

4 едноставни и корисни работи кои многумина не знаат да ги прават

3. Ефикасно пребарување на Гугл

Гугл е најголемата библиотека која кога било постоела на земјата. Може да ви даде каква било информација која ќе ви падне на памет, но само ако знаете да ја користите оваа алатка. Затоа е неверојатно колку малку луѓе пребаруваат по интернет без да ги знаат најосновните работи кои овозможуваат поефикасно пребарување. Од компанијата велат дека луѓето честопати погрешно ги користат и оние малку техники кои им се познати и затоа добиваат информации кои не им се потребни, а ги пропуштаат оние за кои се дојдени на пребарувачот.

4 едноставни и корисни работи кои многумина не знаат да ги прават

4. Љубезно прекинување на разговор

Сите сме се нашле во некој разговор кој не ни е веќе пријатен и сакаме да го напуштиме. Во таков случај можете наеднаш да го прекинете разговорот и да го навредите соговорникот, да останете во дискусијата и да ја трпите тортурата, или пак да научите како на љубезен начин да го прекинете она што ви пречи. Во таква ситуација пожелно е да почнете со давање на сигнали дека разговорот ви е здодевен, а потоа и да кажете дека тоа не ве интересира заблагодарувајќи се на соговорникот што го споделил своето мислење со вас. Тоа малкумина знаат да го направат.

4 едноставни и корисни работи кои многумина не знаат да ги прават

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар