4 добри причини да спиете под ведро небо

4 добри причини да спиете под ведро небо

Ако поминете само една ноќ во шатор или во вреќа за спиење под ѕвездите, вашето тело и вашиот ум ќе ви бидат неизмерно благодарни. Сонот е основна човечка потреба, но и еден од важните показатели за целокупното здравје. Фактот дека поминуваме една третина од животот во спиење е доволен доказ за тоа колку е потребен здравиот сон за физичката и за менталната благосостојба. Меѓутоа, во ова модерно време кога владее стравот од пропуштање информации од Интернет, луѓето сè повеќе се откажуваат од сонот.

4 добри причини да спиете под ведро небо

Многубројни истражувања спроведени низ целиот свет докажаа дека добриот, квалитетен сон е најмоќниот природен рецепт за физичка и за духовна обнова, а денес може да го добиете ако поминете една ноќ во природа, надвор од допирот на цивилизацијата и на нејзината индустриски погодност.

1. Тоа е природен лек против несоница

Истражувањата од Универзитетот во Колорадо откриле дека вештачката светлина во голема мера ја диктира количината на сон кај луѓето. Поради светлината на екраните на електронските уреди се намалува нивото на мелатонин, па останувате будни подолго и често се будите порано отколку што треба. Само еден викенд поминат на отворено и изложувањето на природна светлина ќе бидат доволни за да се врати човечкиот „внатрешен часовник“ во нормала, а непроспиените ноќи ќе станат минато.

2. Го подобрува расположението и го намалува нивото на стрес

Ако погледнете подалеку од вашиот мобилен телефон, ќе ја видите прекрасната околина околу вас. Докажано е дека зелената боја на природата има позитивен ефект врз здравјето на луѓето, го намалува крвниот притисок и го смирува нервниот систем, а тивките звуци од полињата и од шумите го ублажуваат стресот и го подобруваат расположението. Замислете дека докторот ви препишал да поминете цел ден во шумата. Опуштете се и без причина гледајте ги дрвјата со часови и дишете со полни гради. Истата ноќ ќе потонете во мирен сон и ќе се разбудите свежи и одморени.

3. Ги подобрува когнитивните способности

Едно јапонско истражување докажа дека само два часа дневно поминати во шума имаат значителен ефект врз човечкото тело и врз имунитетот, додека викенд поминат во вреќа за спиење на отворено може да ја зајакне имунолошката активност, да ги ублажи симптомите на некои болести и да го забрза закрепнувањето. Освен што спиењето на свеж воздух ве заштитува од настинки, тоа го забрзува метаболизмот и ви помага да го намалите вишокот килограми. За време на студените ноќи, телото само се обидува да се загрее и ја троши т.н. кафеава маст што ги согорува калориите во форма на топлина.

4. Ви помага да најдете внатрешен мир

За да можете да се справите со сите проблеми што животот ви ги наметнува, треба одвреме-навреме да се исклучите од сè и да се дружите со себе. Викенд патувањето во природа и кампувањето со некоја блиска личност или со семејството ќе ви помогнат да се чувствувате живо и одморено. Гледајте ги ѕвездите пред спиење, потсетете се на интересните настани од детството, мислете на сопствените желби што никогаш не сте ги постигнале и целите што сакате да ги постигнете. Повторно поврзете се со себе.

Дури и ако се плашите да спиете на отворено, една вечер помината во природа би можела да ве премисли.

Прочитајте зошто попладневното спиење не е добра идеја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар