4-дневно бебе спие во полицискиот шлем на нејзиниот татко
Полицаецот Енди Рос од Воркшир, Англија направил фотографија од неговата ќерка кога била стара само 4 дена, како спие во неговиот службен шлем.На идејата дошол кога бил повикан на фотосесија за која можел да си понесе и какви било лични работи. За конкретната фотографија бил потребен околу половина час за да ја наместат малата Ајла во ќебенце, па потоа во несиметричното „легло“ кое морале да го потпрат со неколку конзерви од грав за да биде сигурно. Потоа секако, морале да почекаат и таа да задреме.
За оваа фотографија која е многу емотивна за Енди, тој изјавува: „Ја претставува мојата работа и моето семејство. Ми се допадна многу, ми ги насолзи очите“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.