35 познати бабини деветини кои потекнуваат од Индија

Ако имате долга коса, ќе ви биде потешко да учите.

Доколку икате, на некој му недостигате или некој мисли на вас.

Доколку премногу се смеете навечер пред спиење, ќе се разбудите со плачење.

Доколку заспиете веднаш после јадење, ќе се претворите во питон.

Доколку ви се појави брунче околу усните, никогаш нема да огладнете.

Доколку ви се појави мозолче на носот, некој е затрескан во вас.

Доколку со другар/ка поминете покрај бандера од различна страна, вашето пријателство ќе се растури.

Ако девојче јаде полузготвен ориз, ќе ѝ заврне на свадбата.

Доколку го изедете последното парче од чинијата, ќе останете вечен ерген.

Доколку голтнете семка, ќе ви израсне плодот низ папокот.

Доколку тројца луѓе одат на патување, тоа носи несреќа. Понесете камен наместо четвртиот патник.

Доколку правецот на дување на ветерот се смени во моментот кога правите некоја смешна фаца, така ќе ви остане лицето засекогаш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.