35 познати бабини деветини кои потекнуваат од Индија

Доколку ви се појави брунче на јазикот, тоа значи дека сè што ќе кажете ќе стане реалност.

Доколку пиете многу кафе или чај, ќе ви потемни кожата.

Доколку некому одбиете да му донесете чаша вода, ќе станете гуштер во наредниот живот.

Каснете несолена урда пред испитите за да ве следи среќа.

Доколку си чепкате во носот, ќе ви стане поголем.

Доколку му се обратите на сопругот по име, ќе му го намалите неговиот животен век.

Доколку прескокнете нечии стапала додека личноста спие, тој/таа нема да порасне.

Доколку птица ве покака врз глава, ве очекува среќа.

Луѓето кои имаат мачкини очи, можат да видат духови.

Доколку се засркнете од храна, тоа значи дека некој ви е лут или ве пцуе.

Пренесете ја вашата настинка на некој друг за да се ослободите од неа.

Ако искубете едно бело влакно од косата, 10 други ќе ви побелат или ќе ви израснат на истото место.