35 потсетници од само 1 реченица кои сите студентки треба веднаш да ги прочитаат

35 потсетници од само 1 реченица кои сите студентки треба веднаш да ги прочитаат

Студентските денови можат истовремено да бидат неверојатни, но и застрашувачки. Тоа е период во кој секој човек се пронаоѓа себеси, учи кој е и што сака да биде, како и ги поставува темелите на својот личен и професионален живот. Ништо чудно што голем дел од студентите чувствуваат огромен притисок при созревањето. Со цел да ве потсетиме на важните нешта, ви ги издвојуваме следниве потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги преживеете овие луди години…

35 потсетници од само 1 реченица кои сите студентки треба веднаш да ги прочитаат

1. Грижите кои ве држат будни навечер, оние во кои замислувате дека сте без работа и без љубов на 25 години, се сосема нормални.

2. Самиот талент нема да ви помогне да ги платите сметките, па затоа треба многу да се трудите.

3. Не, никој не се грижи за вашиот просек откако ќе дипломирате.

4. Исто така никој нема да се грижи ни на кој факултет сте студирале (освен можеби вашите колеги од истиот).

5. Убаво е да се биде креативно и емотивно исполнет, но внимавајте да не ја запоставите важност на заработувањето.

6. Вие сте неверојатно способна личност која може да постигне сè доколку излезете од вашата удобна зона.

7. Вашите соништа нема магично да се остварат – вие ќе мора добро да се испотите за нив.

8. Тој, момчето кое го гледате само за секс, кој и да е, наскоро ќе биде само точка во вашата далечна меморија.

9. Исто така, секогаш користете заштита!

10. Сигурно сте качиле некое кило поради алкохолот, а не поради начинот на исхрана.

11. Ако сè уште не сте сигурни што навистина сакате да бидете, не ги трошете сите пари кои ги имате на различни факултети со цел да се пронајдете.

12. Најдете го вашиот стил – сигурно нешто не е во ред доколку не сте ја смениле гардеробата од средно училиште.

13. Ако некое момче прави да се чувствувате како константно да треба да работите за неговото внимание, продолжете понатаму.

14. 100% од луѓето ги поминале своите 18 – 24 години во обид да откријат како да бидат возрасна личност, па имајте на ум дека не сте сами.

15. Јавувајте им се на родителите почесто.

16. И имајте повеќе разбирање за нив, вашето воспитување НЕ е лесна работа.

17. Сосема е во ред да дипломирате пред да започнете сериозна врска или да се заљубите – сè тоа ќе си дојде во свое време, верувајте.

18. Целта е да воспоставувате цврсти контакти и да го зголемувате вашето искуство.

19. Да, плаќањето кирија е тешко, но не и невозможно.

20. Најдете работа со половина работно време – таа нема да ви одзема многу време, а парите ќе ви бидат добредојдени.

21. Не постои ништо посекси од жена која нема потреба од маж покрај себе за да успее.

22. Убаво е да се потпирате на вашите пријатели за насока, но не заборавајте дека вие се знаете подобро од кој било друг.

23. Секогаш ви е дозволено да си го промените ставот.

24. Да се браните себеси и вашите верувања е тешко, но секогаш вреди!

25. Барем 20% од студентките се жртви на сексуален напад – внимавајте и дури и ако само ви е непријатно покрај некое момче, веднаш одете си.

26. Носењето премногу шминка прави да изгледате смешно, не возрасно.

27. Тоа исто така е лошо и за вашата кожа, и со тек на време ќе направи да изгледате многу постаро.

28. Сосема е во ред да ги исфрлите токсичните луѓе од вашиот живот (ако знаете кои се).

29. Без разлика колку е тој добар за вас, никогаш не му дозволувајте да ве оттргне од вашите пријатели.

30. Вие сте прекрасни и брилијантни – никогаш не заборавајте на тоа!

31. Верувајте им на вашите инстинкти, вие забележувате многу повеќе нешта одошто мислите.

32. Нема сè да излезе според вашите планови и тоа е сосема во ред.

33. Не се помирувајте со вториот избор само затоа што ви изгледа побезбеден.

34. Не постои правилен или погрешен начин на растење.

35. И ова ќе помине.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар