33 работи кои секоја жена треба да ги направи барем еднаш во својот живот
Животот е многу краток и честопати ни изгледа дека треба да направиме толку многу работи за толку малку време. Некои од тие работи, во најголемиот број случаи, се подразбираат, но одредени работи кои треба да ги направите барем еднаш во животот ќе ви помогнат да се чувствувате исполнето, живо и да сфатите дека имате многу поголема цел. Еве ја листата на тие предизвици.
1. Да доживеете некоја авантура со вашата најдобра другарка, па макар тоа да биде еднодневен излет на некое ново место.
2. Да бојадисате барем еден прамен од вашата коса во некоја необична боја.
3. Ако имате долга коса, направете барем еднаш некоја кратка фризура. И запомнете, косата расте!
4. Опростете му некому, иако тоа ви е тешко.
5. Патувајте сами.
6. Изедете десерт за појадок.
7. Отидете на масажа после стресен и напорен ден.
8. Отидете сами на вечера.
9. Исполнете некој вид физички предизвик.
10. Започнете да тренирате кик бокс.
11. Зборувајте во јавност.
12. Живејте некое време сами.
13. Потрошете значителна сума пари на нешто што навистина го сакате.
14. Имајте домашно милениче.
15. Почестете некого ручек, кому му е навистина потребен.
16. Научете да ви се допаѓаат работите за кои мислевте дека ги мразите.
17. Пронајдете некој цитат или фраза која ќе биде ваша лична мантра и според која ќе живеете.
18. Правете нешто од кое се плашите, барем еднаш годишно.
19. На одморот потрошете повеќе пари отколку што сте планирале.
20. Испробувајте нови јадење и странски кујни.
21. Изедете торта, сладолед или кој било друг десерт и не чувствувајте грижа на совеста.
22. Пејте караоке.
23. Бидете постојан гостин некаде – ресторан, бар, книжара…
24. Напишете писмо на вашата „значајна половина“ во кое ќе зборувате колку тој или таа навистина ви значи.
25. Разговарајте со психолог, дури и ако тоа е само еден пат.
26. Уживајте во вашето хоби.
27. Аплицирајте за вашата работа од соништата, иако не сте квалификувани за неа.
28. Бесрамно одете на некој концерт поради кој вашите пријатели ќе ви се смеат.
29. Посетете некое место каде што нема сигнал, најмалку седум дена.
30. Научете да правите некое јадење по кое ќе бидете препознатливи.
31. Ризикувајте на работното место, дури и тоа да значи дека другите ќе помислат дека сте „луди“.
32. Дадете отказ на работата која ја мразите.
33. „Елиминирајте“ ги од вашиот живот личностите кои ви ја црпат енергијата.