33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

За време на секоја вечер во град, доаѓа еден момент кога се соочувате со најголемата дилема, со прашањето кое е постаро и од самото време. Дали да продолжите да пиете или да престанете и да си одите дома? Оваа одлука може тотално да го смени текот на вечерта, како и на вашиот живот наредниот ден. Токму затоа погледнете ги следниве 33 причини зошто кога ќе се најдете во оваа ситуација, најдобриот избор е да побарате сметка и да си заминете…

33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

33. Третата чашка секогаш се претвора во тринаесетта. Токму таа е клучот за отворање на вратата која води кон пеколот.

32. Третата чашка ја ослободува вашата пијана верзија. Вашата трезна страна се крие некаде длабоко во вас, бидејќи нејзината злобна близначка ја презела контролата.

31. Токму во тој момент престанувате да се грижите. По третата пијачка, ништо друго освен алкохолот веќе не ви е важно.

30. Со порачувањето на третата пијачка започнува и размислувањето да го бакнете оној непознат лик кој седи покрај шанкот. Кога сте пристигнале воопшто не ви допаѓал, но со очилата на алкохолот почнал да ви изгледа како добра прилика.

29. Во овој момент сакате погласно да ја слушате музиката. Едноставно сакате да станете и да почнете со танцување.

28. Токму тогаш инхибицијата го напушта вашето тело. Вие ја плаќате третата пијачка со сите вашите морални вредности.

27. Во третата чашка се наоѓа самиот ѓавол. Тој пристигна за да ве натера да се спуштите до подот.

26. Токму таа пијачка ќе биде виновна за дупките во вашето сеќавање. Позната ви е изјавата: „Зошто продолжив да пијам? Сè тргна наопаку од третата чашка!?“

25. Третата чашка води кон тринаесеттиот шот. Акција и реакција…

24. Токму тоа е точката од која нема враќање назад. Доколку ја испиете третата пијачка, со сигурност ќе се разбудите со мамурлак.

23. По 2 пијачки можете да одите дома и да спиете, но по 3 со сигурност останувате цела вечер надвор. Тоа е една мала одлука која води до една голема грешка.

22. Секое шише вино содржи по 4 чаши во него. Дали станува збор за случајност? Или можеби тоа е трик да купите уште едно шише? Хм…

21. Третата пијачка ви прави илузија дека вашата облека ви е премногу тесна. И токму затоа сакате да ја соблечете… Пред непознатиот човек на шанкот. Можеби дури и во самиот бар.

20. Таа е работ на зајачката дупка. А сите знаеме што се случи со Алиса.

19. Третата чашка прави сè да изгледа како добра идеја. Буквално сè што ќе ви падне на памет!

18. Таа ќе ве натера да заборавите на утре. Што е утре кога денес сме тука со целиот овој алкохол околу нас?

17. Тоа е моментот кога си велите дека еднаш се живее. Па, порачувате уште една чашка, уште една и уште една…

16. Вие едноставно не можете да застанете на непарен број. Откако ќе ја донесете одлуката да порачате 3-та чашка веќе знаете дека ќе има и 4-та.

15. Веќе сте потрошиле толку многу пари и токму затоа се чувствувате обврзани на ноќта. Зошто да пропадне сето тоа?

14. Веќе сте го надминале моментот на уживање и сте преминале во пијанство. Од овој момент законите на физиката престануваат да важат!

13. Вашата сметка е отворена. Доколку сте решиле да платите со картичка, вашата ноќ ќе биде една голема и скапа авантура со алкохол.

12. Со третата пијачка веќе заборавате дека треба да изгледате слатко на фотографиите. Од овој момент па натаму вие изгледате хаос и вашите пријатели го знаат тоа.

11. Најверојатно некој ве почестил со третата чашка, па токму затоа можете да си дозволите и четврта. Па, дури и петта. И тоа продолжува сè додека не преминете на шотови за целата маса.

10. Вие веќе сте на танцовиот подиум. И ритамот на музиката има целосна контрола врз вашето тело.

9. Официјално веќе мирисате на алкохол. Доколку мирисате како бар, можеби и би требало да останете во барот.

8. Веќе не знаете каде е вашиот мобилен телефон. Четвртата пијачка ќе ја одложи вашата анксиозност до наредниот ден.

7. Сте стигнале до тука, зошто би прекинувале сега? Изгледа дека сте изоделе долг пат, кој заслужува да биде завршен до крај.

6. Едноставно не сакате да си одите дома. Освен ако тоа не вклучува згодно момче или жешка девојка покрај вас.

5. Досега сигурно сте пишале порака на некој со кој треба подоцна да се сретнете. Вие секогаш си стоите на своите ветувања.

4. Токму во тој момент сте се решиле да не се грижите за тоа што ќе го мислите утре. Доколку некогаш воопшто сте се грижеле…

3. Вие секако сте планирале да си одите дома со такси. Се надевате дека овој пат нема да се онесвестите на задното седиште.

2. Само што сте земале плата, па знаете дека можете да си дозволите една луда авантура. Или можеби и не можете, но сепак одлучувате да верувате во тоа.

1. По третата чашка, ништо добро не може да се случи. Иако во тој момент вие се чувствувате како да сте на највисоката точка во светот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар