33 јасни знаци дека сте остареле

33 јасни знаци дека сте остареле

Почнавте да им одговарате на луѓето без влакна на јазикот, бучавата ви пречи, возите побавно, а на телевизија нема ништо интересно? Можеби полека сте започнале да влегувате во „некои години“. Речиси 58% од луѓето се плашат од стареење, а најмногу се плашат од губење на памтењето, заболувања и ментално нарушување. Ова се резултатите од истражувањето спроведено од британската осигурителна компанија „Engage Mutual“ во кое биле опфатени 2.000 лица. Покрај тоа, тие биле загрижени дека ќе останат сами и нема да можат да се грижат за себе.

33 јасни знаци дека сте остареле

За повеќето испитаници, првите знаци на стареење се губење на косата, заспивање пред ТВ-екранот и несмасно ракување со мобилните телефони, телевизори и таблети. Во продолжение прочитајте кои други знаци откриваат дека сте остареле.

1. Вкочанетост

2. Болка при наведнување

3. Користење на фразата „кога бев млад, работите не функционираа на тој начин“

4. Користење на фразата „во мое време“

5. Губење на косата

6. Непознавање на музичките топ-листи

7. Ви се појавуваат повеќе влакна на ушите и на носот

8. Избегнувате кафулиња со гласна музика

9. Се жалите на болка во зглобовите

10. Го заборавате имињата на другите луѓе

11. Избирате облека во која се чувствувате удобно, а не убаво

12. Мислите дека сите што се на водечки позиции се премногу млади

13. Спиење пред ТВ-екранот

14. Задолжителна попладневна дремка

15. Не ја сфаќате младинската култура

16. Невешто ракување со модерната технологија

17. Технолошка неупатеност

18. Постојано приговарате и се жалите за нешто

19. Носите очила со врвка околу вратот

20. Не ги познавате модерните брендови

21. Избегнувате да носите тешки работи

22. Постојано се жалите на телевизиската програма

23. Заборавате каде ги оставивте очилата, чантата или клучевите

24. Гледате сериозни емисии

25. Бавно возење

26. Избирате тивка вечер дома наместо да излегувате во градот

27. Се интересирате за антиквитетите

28. Заспивате по првата чаша вино

29. Тешко ви е да се ослободите од вишокот килограми

30. Се занимавате со градинарство

31. Инвестирате во кремови против стареење

32. Уживате во решавањето загатки и крстозбори

33. Имате остар јазик во секоја можност, иако тоа не е секогаш соодветно

Погледнете кои 7 знаци откриваат дека вашите карактеристики можеби ги заплашуваат луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар