300 денари за мало пиво, а 150 за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеиро

300 денари за мало пиво, а 150 за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеиро

Неговата панорама потсеќа на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Ова сигурно не сте го знаеле за Лугано во Швајцарија.

300 денари за мало пиво, а 150 за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеиро

  1. Лугано е град и општина во јужниот дел на Швајцарија во кантонот Тичино на границата со Италија. Покрај тоа, тој е најголемиот град со население што претежно зборува италијански надвор од Италија. Градот има околу 63 илјади жители, или околу 150 000 со предградија. Поради неговата близина до Италија, Лугано има силно италијанско влијание врз архитектурата, културата и начинот на живот.
  2. Градот лежи на глацијалното езеро Лугано, кое се наоѓа на надморска височина од 271 метар во подножјето на Алпите. Езерото има површина од 49 квадратни километри, од кои 31 квадратни километри се наоѓаат во Тичино, а остатокот во соседна Ломбардија. Најголемата длабочина на езерото е 288 метри. Езерската вода се загрева до 24 Целзиусови степени во летните месеци.
  3. Лугано носи многу прекари. Неговата панорама неодоливо потсеќа на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Поради топлите лета привлекува многу познати личности од целиот свет, кои му го дадоа и прекарот Швајцарски Монте Карло.
  4. Како што доликува на модерно одморалиште, но и град кој е оддалечен само 80 километри од Милано, Лугано е одличен и за сите љубители на скапи модни брендови. Тука може да се набави сè, од облеката на Гучи, Прада, до модните додатоци Ролекс и Патек Филип.
  5. Градот е опкружен со планините Бре и Сан Салваторе. Исто така има и жичара до Сан Салваторе со волшебен поглед на Лугано и неговата околина, кој е изграден во 1886 година.
  6. Поради своите живописни предели, но и шармантниот стар град, Лугано е популарен туристички град. Од друга страна, ова е трет банкарски центар во Швајцарија, па може да се каже дека Лугано на свој начин ги комбинира швајцарската ефикасност и италијанската (медитеранска) релаксација.
  7. Лугано е исто така многу скапо место за живеење. Литар млеко во продавницата чини нешто повеќе од 100 денари, а лебот е околу 150 денари. За мало пиво од 0,33 литри во кафулињата, треба да платите околу 300 денари, а ќе платите околу 1500 денари за ефтин оброк во ресторан.

Прочитајте и за најшармантните мали градови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар