30 знаци дека вашата сестра е вашата сродна душа
Кој вели дека сродната душа мора да биде вашиот партнер? Според дефинициите, сродна душа е онаа личност која идеално ви одговара на вашиот карактерот и со која делите нераскинлива врска. Нам ова ни звучи многу како сестринската поврзаност. Ако не сте сигурни, погледнете дали и вашата сестра е вашата сродна душа…
1. Кога и да ви се сретнат погледите, вие точно знаете што другата мисли во тој момент.
2. Имате сосема иста смисла за хумор и постојано се смеете една со друга.
3. Имате синхронизирани копнеења за нездрава храна.
4. Можете да се гушкате и да зборувате за момчиња и пријатели со часови.
5. Зборувате со истиот будалест тон на гласот кога раскажувате приказна или имитирате здодевни луѓе.
6. Вие ја слушате истата музика, дури и во оние моменти кога не ви се допаѓа што другата избрала.
7. И двете имате по едно нешто со кое сте опседнати, но кое другата го мрази.
8. Секогаш можете да забележите кога едната од вас е лута, нервозна, тажна или гладна.
9. Вие постојано се нервирате, намерно и сè додека една од вас не „пукне“, што најчесто води кон насмевки од двете страни.
10. Вие можете да си го купите подарокот кој другата воопшто не сфаќала колку ѝ е потребен.
11. Се повикувате во совршеното време.
12. Вие сте брутално искрени една со друга за сè, дури и за момчињата, облеката и шминката.
13. Имате моќ да се повредите една со друга и тоа понекогаш го правите, но на крајот секогаш ги поправате нештата меѓу вас.
14. Можете да имате длабок разговор со часови без да го проверите мобилниот или да се исклучите ментално.
15. Вие најчесто се согласувате кои ТВ серии да ги следите.
16. Секогаш кога сте во автомобил, радиото ви е пуштено на најгласно и пеете заедно.
17. Имате сопствен моден стил, но постојано си позајмувате облека, аксесоари и чевли едни од друга.
18. И двете имате лудо (скоро психопатско) смеење кога ќе налетате на нешто според вас урнебесно.
19. Сте си направиле многу лоши нешта една на друга во текот на годините, но секој пат сте излегувале од тие ситуации, посилни и поотпорни.
20. Вие подеднакво не сакате одредени луѓе.
21. Имате ист стил на брзо одење.
22. Доволна е само една прегратка за да ви ги реши сите проблеми.
23. Имате дарба да ги претворите дури и најобичните и здодевни ситуации во забава.
24. Секогаш имате теми на коишто можете да зборувате.
25. Знаете точно како да се расположите кога не се чувствувате добро.
26. Вие ги разбирате и целосно ги поддржувате потребите на другата.
27. Вие вистински ги сфаќате дури и најлошите страни кај вас и сè уште многу се сакате.
28. Вие сте си најдобрите пријателки, но понекогаш и најлошите непријатели – токму тоа и ја прави вашата врска нераскинлива.
29. Нема сомнение дека сте партнери во криминал.
30. Споделувате толку длабока поврзаност, што повеќето луѓе не можат дури ни да ја замислат.