30 знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси

30 знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси

Ако овие знаци го опишуваат вашето однесување, тогаш вашата самодоверба е малку ниска и треба да поработите на тоа да се сакате себеси повеќе.

30 знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси

1. Користите 80 филтри и го криете лицето кога објавувате слики на социјалните мрежи.

2. Го започнувате секој разговор со „жал ми е“ или „можеби не грешам, но…“

3. Ви се допаѓа некој и веднаш помислувате: „Тој никогаш не би погледнал некоја како мене“.

4. Автоматски ја преземате вината во секоја лоша ситуација, дури и ако сите докази покажуваат дека вие немате никаков придонес кон проблемот.

5. Лажете за сè или само се преправате дека сакате нешто затоа што тоа го сакаат мнозинството други луѓе во групата.

6. Постојани кажувате депресивни коментари за себе.

7. Разгледувате што прават другите луѓе за да знаете што да направите или дали е дозволено да одите некаде.

8. Му се враќате на партнерот кој ве изневерил.

9. Зборувате многу тивко.

10. Не остварувате директен контакт со очите.

11. Ако некој знае нешто што вие не го знаете, тоа го гледате како интелектуален предизвик.

12. Постојано се обидувате да ги надополнете другите додека зборуваат.

13. Постојано им угодувате на сите и мора да бидете опкружени со пријатели затоа што добивате самодоверба преку одобрувањето на другите.

14. Ги омаловажувате оние што се под вас.

15. Се грижите колку лајкови имате на објавите на социјалните мрежи.

16. Имате еден тон шминка на себе. Не станува збор за разнобојна шминка, туку за густите слоеви пудра поради кои не се познава дека имате имате кожа.

17. Одите наведнати и косата ви го покрива лицето.

18. Ја покривате устата додека зборувате.

19. Сакате да добивате комплименти.

20. Се смеете по сè што ќе кажете: „Како си, хахаха“ или „Навистина сум гладен, ахаха“.

21. Гледате во некого, но не прозборувате со таа личност.

22. Зборувате за тоа колку сте неверојатни. Кого се обидувате да убедите, вие самите или личноста со којашто разговарате?

23. Пишувате коментар и веднаш го бришете бидејќи се плашите од тоа што ќе го кажат луѓето.

24. Постојано се фалите за вашиот сексуален живот.

25. Секоја социјална интеракција ја толкувате како личен напад.

26. Не можете да признаете дека сте искористени.

27. Постојано се извинувате за сè, дури и ако тоа нема никаква врска со вас.

28. Одговарате на вашата сопствена објава или на вашиот коментар, само за објавата да изгледа подолга.

29. Го очекувате најлошото од себе и си поставувате неверојатно високи стандарди за вашите цели и достигнувања.

30. Себични сте затоа што мислите дека добрината е знак на слабост. Вистината е дека е ви е потребна многу голема сила за да се справите со сите проблеми на овој свет и сè уште да бидете љубезни.

Прочитајте како да му помогнете на партнерот ако има ниска самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар