30 остроумни Фејсбук статуси

30 остроумни Фејсбук статуси

Кога некој има да каже нешто паметно на Фејсбук со една реченица, тоа изгледа од прилика како овие 30 остроумни Фејсбук статуси.

30 остроумни Фејсбук статуси

1. Покорисно е да запалиш свеќа отколку да ја колнеш темнината.

2. Не пиј вода. Ако може да го ‘рѓоса железото, замисли што може да му направи на твојот стомак.

3. Не е важно колкава е температурата во собата. Тоа секогаш е собна температура.

4. Кога постапуваш исправно, никој не памети. Кога ќе погрешиш, никој не заборава.

5. Секогаш позајмувај пари од песимист. И онака не очекува да му ги вратиш.

6. Ако не можеш да ја видиш светлата страна на животот, исчисти ја темната страна.

7. Правилото 50-50-90: Кога шансите да успееш се 50-50, имаш 90% шанси да не успееш.

8. Подобро да разбереш малку отколку да не разбереш многу.

9. Сите се надарени, но некои порано го отвораат подарокот.

10. Никогаш не заборавај на пријателите, особено на оние кои ти должат.

11. Не може да имаш сè, нема каде да го ставиш.

12. Кога ќе видиш дека слепиот ги води слепите, тргни им се од патот.

13. Смеј се многу. Така другите ќе се прашуваат што толку убаво ти се случува.

14. Секогаш има светло на крајот од тунелот… само надевај се дека не е од воз.

15. Оние што велат дека среќата со пари не се купува не знаат каде да пазаруваат.

16. Секој прави грешки. Работата е во тоа да ги правиш кога никој не гледа.

17. Со пари не може да се купи среќа, но може да се изнајми на неколку часа.

18. Тој што последен се смее не го сфатил вицот.

19. Зошто да бидеш тежок карактер кога со малку напор можеш да бидеш невозможен.

20. Времето лета кога не знаеш што правиш.

21. Ние сме луѓето за кои нè предупредуваа нашите родители.

22. Не се расправај со идиот. Ќе те спушти на неговото ниво и ќе те победи на база на искуство.

23. Светлината патува побрзо од звукот. Затоа некои луѓе се убави сè додека не отворат уста.

24. Да знаеш дека доматот е овошје е знаење. Да не го ставиш во овошна салата е мудрост.

25. Тој што се смее во тешките моменти веќе нашол кого да обвини.

26. Не се тепај со грди луѓе. Тие немаат што да изгубат.

27. Не удирај човек со очила. Удри го со бејзбол палка.

28. Ако сакаш сигурно да гаѓаш во целта, прво гаѓај, а потоа она што ќе го погодиш наречи го цел.

29. Ако секогаш стоиш цврсто на земја ќе имаш проблем да ги облечеш панталоните.

30. Што се добива кога ќе се вкрстат кумот на мафијата и адвокат? Понуда што не можеш да ја разбереш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар