30 опуштени Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво - Part 2

30 опуштени Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво

„Во секое време можете да ме најдете како киснам во бања со меурчиња.“

„Девојко без грижи, ти си на вистинскиот пат кон успехот.“

„Се обидувам да бидам чил, но ова е сè уште нешто ново за мене.“

30 искулирани Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво

„Дали можеби некој ја има видено мојата искулирана состојба? Изгледа си ја заборавив некаде…“

„Секогаш бидете подготвени на сè. Животот е маратон, а вие трчате низ него без ниедна пауза за вода.“

„Вака веројатно изгледа уметноста на неправењето апсолутно ништо.“

„Белешка за себе: Неправењето ништо е на некој начин забавно. Ајде повторно да го направиме тоа, некогаш!“

„Се обидувам само да најдам малку мир и тишина во овој бучен град со безброј светла.“

„Секогаш кога се двоумите како треба да постапите, одберете зен состојба на умот.“

„Мојот ум трчаше со брзина од 1 километар во минута, а јас не сум ни љубител на кардио вежби.“

„Бушави пунџи и пица на пат, заедно со моите најдобри другарки.“

„Се чувствувам многу подобро откако раскинав со стресот.“

„Љубов, мир и излежување на каучот.“

„Сосема е во ред одвреме-навреме да направите пауза. Тоа е единствениот начин добро да се подготвите за вашата следна авантура.“

„Бидете безгрижни и љубете дарежливо и слободно.“

30 искулирани Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво

„Не заборавајте ни за миг, дека вие сте само човечки суштества.“

„Да, возможно да се биде силен и изнемоштен во исто време.“

„Јас сум совршено среќна, со тоа каде се наоѓам моментално во животот.“

После читањето на овие кул идеи за вашата следна Инстаграм објава, во моментите кога ќе сакате едноставно да се опуштите од сè што ве окружува, веројатно ќе се чувствувате „изладено“ како краставица. Сте се стуткале на каучот, проверувате што прават вашите омилени блогерки и му дозволувате на животот едноставно да си тече лабаво.

Понекогаш е многу фино да се биде мрзелив и да се притисне пауза на обврските во животот. Голема е веројатноста дека самите ќе констатирате дека сте многу посреќни, кога не сте 24/7 обвиткани во стрес. Одненадеж, ќе почувствувате дека имате доволно време да ги правите нештата коишто ве исполнуваат и воедно ќе уживате во секој миг од животот којшто доаѓа и си оди.

Може да ве интересираат и најдобрите Инстаграм профили за фитнес мотивација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар