30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

Пролетта е во полн ек, па зошто да не ја искористите оваа сезона најдобро што можете така што ќе направите дел (или сите) од активностите подолу? Затоплувањето на времето, чистото сино небо и расцутените цвеќиња се само дел од нештата што ја прават пролетта полна со можности, како едноставно сè што ќе намислите да ви е лесно достижно. Епа ајде, што чекате? Започнете уште сега!

30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

1. Носете повеќе фустани.

2. Веднаш зажалете затоа што сте носеле повеќе фустани бидејќи вашите голи нозе допираат до сè врз што ќе седнете.

3. Направете пикник.

4. Веднаш зажалете за пикникот бидејќи вашите алергии одеднаш ќе ве нападнат под влијание на поленот во паркот.

5. Уништете ги вашите омилени чевли во неочекувана пролетна бура.

6. Застанете и помирисајте ги ружите.

7. Разгледајте ги фотографиите на Инстаграм кои ќе ја направат пролетта уште посветла во вашите очи.

8. Направете си круна од цвеќиња.

9. Соберете ги пријателките во вашиот двор и испијте по една чаша вино на отворено додека уживате во топлото сонце.

10. Запрашајте се дали би можеле секојдневно да живеете вака.

11. Издвојте дел од вашата плата за нешто што одамна посакувате.

12. Не ѝ дозволувајте на вината да ве одвлече при купувањето на она што одамна го посакувате.

13. Купете ѝ на вашата мајка сладок и мал подарок, за и таа да се порадува на пролетта.

14. Поминете квалитетно време со вашиот татко и разговарајте за сите оние нешта кои никогаш не сте имале време.

15. Вежбајте на отворено.

(2) 30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

16. Одете во кино на дождлив ден.

17. Понесете со вас мало шише вино, кога ќе одите во кино на дождливиот ден.

18. Облечете се подобро за време на студените утрински утра и потоа носете ја вашата јакна во раце бидејќи температурата одеднаш ќе скокне на 20-тина степени.

19. Прочитајте не помалку од 15 статии за како да го добиете вашето совршено „бикини тело“.

20. Тајно пребарајте ги на Гугл вежбите на Бијонсе и надевајте се на чудо.

21. Размислете да почнете со ваша лична градина пред да одлучите дека никогаш нема да се сетите да ја наводнувате.

22. Почнете редовно да ги депилирате или бричите вашите нозе.

23. Смислете нови начини да ја стилизирате вашата немирна коса.

24. Како и различни начини да ги криете вашите дамки од пот.

25. Исчистете го целиот дом и бидете горди на тоа.

26. Ставете забавен лак за нокти.

27. Измачкајте ги целите прсти со лакот за нокти, изнервирајте се и посетете салон за убавина.

28. Јадете повеќе сладолед.

29. Јадете повеќе сладолед на отворено.

30. Прочитајте ја оваа листа со намера да ги направите сите нешта на неа, а потоа пуштете нова ТВ серија на Нетфликс и уживајте во вашиот дом додека не дојде летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар