3 знаци дека сте сретнале личност која сте ја познавале во претходниот живот

3 знаци дека сте сретнале личност која сте ја познавале во претходниот живот

Ви се случило ли некогаш да запознаете личност која прв пат ја гледате, но сепак да почувствувате огромна поврзаност помеѓу вас? Исто како да сте растеле заедно, изгледа вие ја познавате оваа личност уште пред да ја запознаете. Погледнете ги следниве 3 знаци кои ви покажуваат дека всушност сте налетале на личност која сте ја знаеле од претходниот живот…

3 знаци дека сте сретнале личност која сте ја познавале во претходниот живот

1. Чувствувате моментална поврзаност или одбојност

Кога размислуваме на луѓето од претходниот живот, ние често помислуваме на нашите пријатели, роднини и љубени. Секогаш кога ќе наидете на личност која сте ја познавале од претходниот живот, вие чувствувате некоја непосредна поврзаност. Но, што се случува со оние личности кои претходно не ви се допаѓале? Доколку налетате на ваква личност, големи се шансите дека ќе почувствувате инстантна одбојност кон неа или него. Во секој случај, тоа е знак дека сепак некогаш сте ја познавале.

2. Вашата поврзаност е скоро телепатска

Тоа не значи дека вие си ги читате мислите или пак, дека си испраќате ментални пораки. Оваа телепатија повеќе се однесува на верувањето дека нивните уши „горат“ доколку зборувате за нив. Или пак, можеби ќе помислите на оваа личност и во истиот момент ќе добиете порака или повик од неа. Исто така вие секогаш можете да почувствувате што тие ќе направат или кажат. Станува збор за врска која е тешка за објаснување, но уште потешка за отфрлање.

3. Познати очи

Дали некогаш ви се случило да погледнете некого во очи и да останете вчудовидени? Дали некогаш сте се чувствувале како во овие очи да сте гледале милион пати претходно иако реално прв пат ги сретнувате? Доколку неговите или нејзините очи ви делуваат познато, тоа може да биде поради фактот што вие веќе сте гледале во нив, но во претходниот живот. Ако ви се случи тоа, обрнете внимание. Некои луѓе веруваат дека очите не се менуваат од раѓање до раѓање, овозможувајќи ни начин да ги препознаеме нашите духовни сопатници од претходниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар