3-те лоши навики кои ги имаат интелигентните луѓе

3-те лоши навики кои ги имаат интелигентните луѓе

Ако ви било проблем да си легнувате рано, да ја средувате вашата соба и да внимавате на вашиот јазик, немојте да се откажувате. Постои можност вие да сте генијалец.

3-te-loshi-naviki-na-inteligentnite-lugje-kafepauza.mk

Некои од овие навики кои се поврзани со лошото однесување може да бидат и одлики на луѓе со висока интелигенција. Погледнете ги 3-те најчести лоши навики кои ги имаат интелигентните луѓе.

1. Не си легнуваат рано

Сатоши Каназава, познат психолог, изјавил дека многу често интелигентните луѓе остануваат будни до доцна.

„Во споредба со помалку интелигентните луѓе, интелигентните индивидуи подоцна си легнуваат за време на викенд, или кога немаат некоја обврска следното утро. Тие исто така и се будат подоцна.“

Од друга страна пак, ноќните птици се и многу покреативни. Тие многу полесно наоѓаат алтернативни решенија за некои проблеми за разлика од ранобудниците.

2. Неуредни се

Бен Френклин бил навистина неуреден тип, и покрај тоа што 60 години се обидувал да се ослободи од таа особина. Тој дури бил убеден и дека ако бил поорганизиран ќе бил многу поуспешен. Но, неговиот успех може да се должи токму на неговата неуредност. Во истражување од 2016 година се нашла поврзаност помеѓу генијалноста и неуредноста. Според психологот Кејтлин Вос, неуредната средина може да служи како инспирација за ослободување од традицијата, а ова пак овозможува создавање нови идеи. Кога средината е уредна, личноста се чувствува безбедно и не се обидува да прави нови работи.

3. Користат пцовки

Едно истражување ја поставило хипотезата дека луѓето користат пцовки поради недостаток на зборови во нивниот вокабулар, а ова значи дека не се паметни. Во истражувањето имало испитаници од 18 до 22 години и секој од нив бил замолен да смисли што повеќе пцовки за време од 60 секунди. Истото требало да го направат и со имиња на животни, бидејќи ова им покажувало на истражувачите колкава е вербалната интелигенција на испитаниците. Во вториот експеримент, втора група од 49 луѓе била замолена да напише погрдни зборови и имиња на животни кои почнуваат на буквата „а“, исто за време од 60 секунди.

Резултатите биле импресивни: Испитаниците се сетиле на повеќе од 530 погрдни зборови, а со ова се побиле стереотипите дека луѓето кои пцујат се помалку интелигентни. Поголемиот вулгарен вокабулар всушност бил поврзан со поголема вокабуларна интелигенција.

Но, како што забележале истражувачите, имало еден исклучок. Ако пцовките се само дел од вашиот секојдневен речник, тогаш е во ред. Но, ако намерно ги нарекувате жените со лоши и погрдни зборови, тоа не значи дека сте паметни.

Па, ако знаете да кажете по некоја пцовка, ако не можете да заспиете пред полноќ и ако заборавате да си го наместите креветот, немојте да се чувствувате лошо. Но сепак, не дозволувајте овие навики лошо да влијаат на вашите врски, пријателства и на вашиот живот.

Погледнете ги и овие знаци кои покажуваат дека имате натпросечна интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар