3 совршени дестинации за зимски меден месец
Секако, во текот на летото можете да одите каде било во светот, да уживате во сонцето и во љубовта на вашиот животен сопатник. Но, доколку планирате свадбено патување во зимскиот период сакаме да ве охрабриме дека не е сѐ изгубено. Одложувањето на патувањето не е единствената опција. Дури и во зима можете да поминете меден месец во романтична и топла атмосфера, далеку од морето или океанот. Тоа можете да го постигнете на следниве 3 прекрасни дестинации:
Меден месец во Унгарија
Унгарија е земја позната по своите исклучителни национални специјалитети и величествената архитектура. Ве советуваме да ја посетите Будимпешта. Градот е познат по присуството на бројни термални извори. Во топлите бањи не само што ќе ги згреете вашите коски, туку ќе го подобрите вашето здравје, кое можеби било малку нарушено од напорните подготовки за свадбата. Во Будимпешта има вкупно 13 лековити извори.
Културната програма може да ги опфати и следниве знаменитости: Будимскиот Замок, Рибарската кула, Тунелот Будим, Океанариумот (во рамките на трговскиот центар Кампона), како и Кралската Палата. Секако не смеете да го игнорирате гастрономскиот дел од патувањето. Вие и вашиот партнер може да уживате во унгарската национална кујна за малку пари. Ве советуваме на вашиот меден месец во Унгарија да пробате унгарски гулаш, пилешка чорба, штрудла од вишна и секако, да наздравите со чаша унгарско вино.
Меден месец во Швајцарија
Ако вие и вашиот брачен партнер сте вљубеници во скијањето, тогаш ова е одлична прилика за скијање во Швајцарија. Најпопуларните ски центри се Сент Мориц, Енгелберг, Вербие и Зермат. Не морате само да скијате, туку може да ги посетите и базените со минерална вода, да учествувате во трките со кучиња и да играте поло на мраз. После ваквите активности на отворено, сигурни сме дека ќе огладните. Задоволете го гладот со локални јадења како пржен компир со колбас, а потоа заблажете се со слатки чоколадни бакнежи.
Меден месец во Данска
Ако сте уморни од бучавата и метежот и сакате медениот месец да го поминете на мирно место, тогаш ви препорачуваме да ја посетите Данска и Копенхаген. Главниот град на Данска, иако се смета за најмирен во Европа, сигурно нема да биде досадно место за вашиот свадбено патување. Во Копенхаген може да го посетите Националниот музеј, Паркот Тиволи, како и Данската кралска библиотека. Додека шетате низ улиците на Данска уживајте во познатите дански сендвичи.