3 скриени европски градови со плажи што треба да ги посетите пред да станат премногу популарни
Ако ви е смачено од летната гужва на плажите, тогаш имаме одлични предлози за вас! Овие градови се наоѓаат на само неколку километри од популарните туристички дестинации, овозможувајќи ви мир за одмор и одлична местоположба за посета на околните поголеми градови. Да не заборавиме и на фактот дека се неверојатни во септември.
1. Компорта, Португалија
Бидејќи сите брзаат накај Алгарв, тие го пропуштаат заспаното рибарско гратче познато како Хердад де Копорта, што се наоѓа околу еден час јужно од Лисабон во регионот Алтентехо. Ова прекрасно место коешто сè уште не е популарно ќе ве релаксира и ќе ви овозможи вистинско уживање и неверојатни пејзажи.
2. Сен Жан Де Луз, Франција
Сигурно сте чуле за Француската Ривиера, но дали некогаш сте го заблажеле ова гратче со плажа во близина на шпанската граница? Станува збор за мало гратче кое изгледа како да е заглавено во 17-от век и е составено од многу разнобојни куќи и неверојатни плажи. Ако планирате да ја посетите Франција, Сен Жан Де Луз ќе ви остави најмногу спомени.
3. Вис, Хрватска
Дубровник, Сплит и Хвар се без сомнение најпопуларните туристички дестинации во Хрватска, но ако барате место што навистина ќе ве воодушеви без познатите гужви, тогаш најдобриот избор за вас е островот Вис. Тој плута во сините води каде што Далматинскиот Брег се спојува со Јадранското Море на најоддалечената точка од Хрватскиот брег.
Дознајте и кои се најдобрите дестинации за патување во септември.