3 работи на кои треба да обрнеме внимание во борбата за половата еднаквост и феминизмот

3 работи на кои треба да обрнеме внимание во борбата за половата еднаквост и феминизмот

Дефиницијата на феминизмот како обид да се достигне политичка и социјална еднаквост на мажите и жените не треба да се менува, туку треба малку поопширно да се анализира. Во последниов период, Интернетот е преплавен со феминистички икони и ставови, од познатиот говор на Ема Вотсон насловен „He For She“ (Тој за Таа), до феминистичката дискографија на Бијонсе. Токму затоа и се јавуваат низа дискусии за улогата која ја игра полот во нашето општество.

3 работи на кои треба да обрнеме внимание во борбата за половата еднаквост и феминизмот

Но, и покрај континуираниот позитивен активизам кој се случува денес, сепак постојат неколку сфери кои можат да претрпат неколку клучни промени. Социјалните идеи често можат да бидат развлечени до самите екстреми, па затоа понекогаш изгледа како феминистичкото движење да се носи предалеку, и тоа во контекст на следине 3 елементи:

1. Феминизмот треба да претставува различни женски карактеристики и атрибути

Постојат периоди кога феминизмот поддржува само една тесна, плитка дефиниција за тоа што и каква треба да биде жената. Ова е всушност спротивно од тоа што феминизмот треба да го претставува и може слободно да се нарече контрафеминизам. Во тој контекст, се извојуваат неколку примери каде што познатите женски ѕвезди кои во своите интервјуа често посочуваат на разликата помеѓу прашањата поставени на женските изведувачи и прашањата поставени на машките, како и оние кои посочуваат на тешкотиите со кои се соочуваат за да станат успешни во одредени индустрии.

Проблемот тука е фактот што овие жени посочуваат само на одредени женски карактеристики. Тие развиваат една сингуларна слика за тоа како треба да изгледа феминистот. Можеби ќе користат погрдни зборови или ќе покажат некаква грубост со цел да докажат дека и тие можат да бидат „силни“. Ќе се обидат да покажат едно „машко“ однесување бидејќи сметаат дека само така можат да бидат моќни, а како резултат исчезнува женственоста бидејќи на неа се гледа како покажување слабост.

Феминизмот не треба да ги охрабрува жените да бидат како мажите, туку да ги делат истите права и да ја уживаат природата која им е дадена. Феминизмот треба да ја претставува слободата на жените да имаат најразлични особини и амбиции, независно дали се „типични жени“, поспортски типови, поконзервативни, послободни или ориентирани повеќе на семејството или кариерата.

2. Феминизмот треба да го стави крајот на објективизирањето на жените во медиумите

Многу феминисти ќе речат дека дел од вреднувањето на жените во општеството е препознавањето и прифаќањето на нивното право да прават што сакаат со нивните животи и тела. Сепак, постои разлика помеѓу начинот на кој мажите и жените се портретирани во современиот медиумски свет. Жените кои продолжуваат да бидат сексуално и навредливо објективизирани во текстовите на песните на познатите музичари или жените на кои постојано им се доделувани улоги и сцени во кои нивниот пол е стереотипно злоупотребен затоа што така бара општеството, само дополнително ја зајакнуваат патријархалноста. Тоа што се кажува за вредноста на жената нема никакво значење кога медиумската слика за неа повеќе се концентрира на нејзиниот изглед и тело, наместо на нејзиниот ум, талент, карактер и способност.

3. Феминизмот е ограничен од активизмот и дебатите за абортус

Феминистичките цели, покрај адвокатирањето и поддржувањето на абортусот, треба да го вклучат и охрабрувањето на општеството и политичките страни кои ги поддржуваат сите жени кои се бремени, независно од сценариото. Ако на бремените жени им се дадени сите потребни ресурси за да ги имаат животите од кои сметаат дека ќе треба да се откажат со тоа што ќе имаат деца, како што е образованието и можностите за кариера, тогаш тие можеби нема да ја чувствуваат потребата од абортус. Ако на жените им е дозволено да абортираат, без никакви опресии и препреки, тогаш можеби ќе постојат многу посилни семејни и општествени вредности и ќе се намалат агресивните и насилните семејни средини. Феминизмот треба да ја поддржува и почитува секоја одлука на жената, независно дали таа ќе одлучи да го задржи својот плод или не.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар