3 природни средства што ги отстрануваат модринките
За да спречите појава на модринки кога ќе се удрите, важно е да реагирате навреме, а колку често и со каков интензитет ќе ви се појавуваат модринки зависи од вашето ткиво, од количината на железо што ја имате во крвта, но и од количината на витамин Ц во телото. Со цел што побрзо да ги отстраните модринките, пробајте некое од овие природни средства.
1. Маска од компири и мед
Оваа природна маска содржи варен компир, малку мед и обична вода. Откако компирот ќе се свари, излупете го и изгмечете го. Потоа ставете една лажица мед во неа и измешајте со малку млака вода додека не добиете каша. Ставете ја подготвената маска на модринката и оставете да отстои околу 15 минути. Можете да ја повторите постапката.
2. Зеленчук како облога
Некои зеленчуци ќе ги ублажат подринките и ќе го забрзаат нивното исчезнување. Најмногу ќе ви помогнат зелката, магдоносот, кромидот и доматот. Црвениот кромид е одличен за модринки бидејќи ја ублажува болката и има антивоспалителни својства. За да ја ублажите модринката, ставете го сечканиот кромид во газа и ставете го на местото на ударот.
Истото можете да го направите со зелка или сечкан магдонос. И свежите домати би можеле да помогнат во намалувањето на модринките. Ставете го сечканиот домат на местото на ударот и држете го половина час. По овој природен третман, модринката треба да биде помала и побрзо да исчезне.
3. Масажа со оцет и вода
Измешајте оцет и топла вода во сооднос 50 : 50 и лесно тријте на местото на ударот. Овие две состојки треба да ја стимулираат циркулацијата под површината на кожата и да предизвикаат насобраната крв побрзо да се апсорбира или да исчезне.
Совет плус:
За модринките да исчезнат побрзо, земете доволно витамин Ц. Тоа го стимулира формирањето колаген и ја обновува кожата, која ги штити крвните садови. Најмалку колаген има во рацете и во нозете, па модринките во овие области се почести и потемни.
Ако можете, обидете се да не земате аналгетици, кои поради нивниот ефект врз крвта, создаваат поголем контраст помеѓу модринката и кожата, така што местото на ударот е уште поизразено.
Прочитајте кои 10 секојдневни навики ја уништуваат вашата кожа.