3 причини зошто не треба да носите стегач за коса околу вашиот зглоб
Можеби сте слушнале дека носењето стегач за коса околу вашиот зглоб може да биде лошо за вашето здравје, но сигурно не сте обрнале многу внимание на тоа. Сепак, ова треба да го сфатите сериозно. Во продолжение прочитајте какво влијание имаат стегачите за коса врз вашето здравје.
1. Може да предизвика проблеми со циркулацијата
Кога ставате ластик на зглобот, ги притискате крвните садови и го нарушувате нормалното циркулирање на крвта во организмот. Како резултат на тоа, може да се развие синдром на карпален тунел кој се манифестира со болка и вкочанетост на прстите.
2. Може да доведе до опасна инфекција
Ако подолго време носите стегач за коса на зглобот, ја оштетувате кожата поради триењето и притисокот што ги предизвикува стегачот. Потоа, бактериите од самиот стегач може да навлезат во раната и да ја инфицираат.
3. Може да ви го уништи изгледот
Можеби не се грижите за вашиот стил, но сепак, носењето стегач за коса на зглобот воопшто не изгледа модерно. Би било подобро да изберете елегантна белезица или часовник што многу подобро ќе одговара на вашиот изглед.
Прочитајте кој е најмоќниот природен антибиотик што ја убива секоја инфекција во вашето тело.