3 начини да направите свој дезодоранс
Aнтиперспирантите најчесто се базирани на алуминиумски соединенија кои можат да предизвикаат невролошки проблеми, како резултат на затворањето на потните жлезди. Но, интересното е дека потта не мириса сама по себе. Мирисот на телото доаѓа од бактериите кои се хранат со нашата пот. Доколку ги сопрете овие бактерии, вашето тело секојдневно ќе биде свежо.
Продавниците за здрава исхрана продаваат природни дезодоранси. Може да забележите дека тие често содржат сода, чаеви или други природни есенцијални масла, калиум и алуминиумова сол, којашто ги нема истите ефектите како алуминиумските соединенија, поточно алуминиум хлоридот кој се користи во конвенционалните антиперспиранти. Сите горенаведени се ефективни и природни инхибитори на бактериите, а маслата додаваат пријатна арома (за разлика од синтетичките мириси).
Еве 3 рецепти за дезодоранси кои можете да ги направите сами!
1. Антиперспирантска пудра
Потребни состојки:
- 1 дел сода бикарбона
- 6 делови органски скроб од пченка
- Неколку капки есенцијално масло по ваш избор
Начин на подготовка:
- Измешајте и добро затворете ја смесата во стаклена тегла за да не влегува воздух.
- Ставајте умерено на пазувите.
2. Антиперспирантски крем
Потребни состојки:
- 1 дел сода бикарбона
- 1 дел шеа путер
- 1 дел органско кокосово масло
- Неколку капки есенцијално масло по ваш избор
Начин на подготовка:
- Загрејте го шеа путерот на кратко во микробранова печка или во тенџере за да омекне, а потоа измешајте го со другите состојки.
- Чувајте го во затворена стаклена тегла. Нанесувајте во мали количини.
3. Антиперспирантски стик
Потребни состојки:
- 1 дел сода бикарбона
- 2 дела природен шеа путер
- Неколку капки есенцијално масло по ваш избор
Начин на подготовка:
- Загрејте го шеа путерот на кратко во микробранова печка или во тенџере за да омекне, а потоа измешајте го со другите состојки.
- Смесата ставете ја во празна амбалажа од антиперспирантски стик. Нанесувајте нежно на пазувите.