3 кратки хорор приказни кои можат многу да ве исплашат

3 кратки хорор приказни кои можат многу да ве исплашат

Ова се три кратки урбани легенди кои, повеќе или помалку точни, брзо се шират помеѓу луѓето.

Греблото

„Греблото“ (The Rake) е некакво суштество кое личи на човек и кое наводно последен пат било забележано во САД во 2003 година. Тоа предизвикало големо внимание во медиумите, но оние кои се обиделе подлабоко да ја истражат приказната дознале дека сите полициски документи поврзани со него се мистериозно исчезнати. Сепак, и после тоа многу луѓе го виделе суштеството. Нешто во врска со него било конечно откриено во 2006 година кога биле пронајдени документи од дванаесеттиот век па сè до денес исполнети со сведоштва за средби со него. Едно од нив гласи:

„Една жена случајно се разбудила среде ноќ и случајно го разбудила и сопругот. Таа му се извинила, а тој се свртел кон неа и веднаш ја грабнал во своите раце како да сакал да ја одбрани. На работ на нивниот кревет го виделе Греблото, со кожа на куче без крзно, како седи и гледа на другата страна. Веднаш потоа суштеството скокнало и се доближило на неколку сантиметри до лицето на мажот. Се ѕверел во нив некое време, по што тргнал накај детските соби. Преплашените родители трчале по него плашејќи се за безбедноста на своите деца, но веќе било предоцна. Кога стигнале до собата на ќерка им, ја виделе осакатена и близу до смрт. Нејзините последни зборови биле дека Греблото е виновно за тоа што се случило.“

Откако биле најдени овие документи, страшното суштество повеќе не се појавило.

3 кратки хорор приказни кои можат многу да ве исплашат

Каде што одат лошите деца

Еден либански фотограф како дете гледал некоја детска емисија чија цел била да ги научи децата на послушност со тоа што ќе им кажува каде одат лошите деца кога не ги слушаат родителите. Имало пораки дека „лошите деца остануваат будни до доцна навечер“, дека „лошите деца крадат храна од фрижидерот среде ноќ“ итн. Највпечатливата сцена од таа емисија била последната, во која била прикажана една стара врата со за’рѓана брава од зад која се слушал детски врисок и како што камерата се доближувала до неа, така се засилувала и силината на врисокот. На крај излегувала порака „Ова е местото каде што одат лошите деца“.

Еден ден тој одлучил да го пронајде студиото каде што е снимана емисијата од неговите детски денови. Успеал да го пронајде и пријатно се изненадил кога видел дека старата врата е сè уште таму и сè уште изгледа исто како на телевизија. Сепак, кога ја отворил, следувало непријатно изненадување. Таа водела во соба во која насекаде имало крв, измет и коски. Но, тоа што најмногу го исплашило бил микрофон ставен во кафез кој висел на сред соба.

3 кратки хорор приказни кои можат многу да ве исплашат

Поглед низ клучалката

Додека некој човек резервирал соба во хотел, рецепционерката му рекла дека додека оди кон неговата соба ќе забележи друга соба без број на вратата и дека никако не смее да се обиде да влезе во неа. Човекот се согласил, но заинтригиран од нејзиното чудно предупредување одлучил да се обиде да ја отвори кога стигнал до неа. Не успеал, па затоа ѕирнал низ клучалката. Немало ништо необично во неа. Собата била иста како и неговата, само што тука имало жена со бледо лице која лежи на креветот. Не наоѓајќи ништо чудно, продолжил по својот пат.

По неколку дена пак поминал покрај истата соба, но повторно не видел ништо. Овој пат не успеал да ѕирне низ клучалката затоа што гледал само нешто црвено. Немало никаков предмет или човек, само црвена боја. Било исто како да гледа во црвено платно или црвен лист хартија. Не му било јасно зошто рецепционерката го предупредила за собата и решил да ја праша кога се одјавувал од хотелот. Таа воздивнала и му објаснила дека пред многу години во таа соба некој човек ја убил жена си и нејзиниот дух сега го прогонува местото. Таа изгледа многу бледо, освен нејзините очи кои се целосно црвени.

3 кратки хорор приказни кои можат многу да ве исплашат

Прочитајте уште десет урбани легенди од кои ќе ве полазат морници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар