3 едноставни научни експерименти кои вреди да му ги покажете на вашето дете
Постојат многу интересни едноставни експерименти кои децата ќе ги помнат до крајот на својот живот. Тие можеби нема да разберат точно што се случува пред нивните очи, но кога ќе дојде време, многу полесно ќе се снајдат на часовите по физика и хемија. За да ги изведете овие експерименти, сè што ќе ви биде потребно веќе се наоѓа во вашиот дом. Погледнете…
1. Балон кој не пука
За овој експеримент ќе ви бидат потребни 2 балони, свеќа, чкорчиња и вода.
Експеримент: Надувајте го балонот и држете го над запалена свеќа со цел да им покажете на вашите деца дека ќе пукне. Потоа, во друг балон, сипете обична вода од чешма, заврзете го и повторно поставете го над запалената свеќа. Овој пат, тој нема да пукне.
Објаснување: Водата во балонот ја апсорбира топлината која ја емитува свеќата. Токму затоа балонот нема да гори и нема да пукне.
2. Магијата на моливите
За овој експеримент ќе ви бидат потребни најлонска кеса, обични дрвени моливчиња и вода.
Експеримент: Наполнете ја најлонската кеса со вода до половина, а потоа со моливите прободете ја онаму каде што има вода, така што тие ќе излезат од спротивната страна.
Објаснување: Ако прво ја дупнете кесата, а потоа ја наполните со вода, таа ќе истече низ дупките. Но, доколку кесата претходно се наполни со вода до половина и потоа се дупне со остар предмет, така што тој предмет ќе остане внатре, водата ќе си остане на своето место. Тоа се случува бидејќи кога има пукање, молекулите полиетилен посилно се привлекуваат, па во овој случај се затегнуваат околу моливот и не ѝ дозволуваат на водата да помине низ нив.
3. Шарена марула
За овој експеримент ќе ви бидат потребни 4 чаши со вода, боја за храна и неколку листови марула.
Експеримент: Додајте во секоја чаша различна боја, а потоа ставете по еден лист марула така што нема да бидат целосно потопени. Оставете ги да отстојат преку ноќ и наредното утро ќе забележите дека лисјата се обоени во различни бои.
Објаснување: Билките ја апсорбираат водата, бидејќи со неа ги хранат своите лисја и цветови. Благодарение на нивната капиларна структура, водата сама ги пополнува ситните цевчиња во внатрешноста на билките, па доколку таа е обоена и тие ќе ја сменат својата боја.