3 дена пред смртта: Што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот?

3 дена пред смртта: Што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот?

Во човековата природа е да се плашиме од смртта и тешко ни е да зборуваме за тоа, како и да присуствуваме во моментите кога некој го напушта овој свет. Меѓутоа, можеби токму оние кои се на прагот на смртта ја разбираат многу подобро одошто ние и можат да ни пружат утеха за најголемиот страв со кој секој од нас живее.

3-dena-pred-smrtta-shto-chuvstvuvaat-lugjeto-vo-poslednite-momenti-od-svojot-zhivot-kafepauza.mk

Патриша Пирсон, новинарка и авторка на книгата „Отворање на вратата на рајот: Истражувачки приказни за животот, смртта и она што доаѓа потоа“ (Opening Heaven’s Door: Investigating Stories of Life, Death, and What Comes After) ги опишува резултатите од своето истражување на темата „Преминување на другата страна“.

Сѐ започнува 72 часа пред смртта. Бидејќи во рок од 9 недели ги изгубила и сестра си и татко си, таа се посветила на она што се случува после смртта. Интервјуирала десетина луѓе чија професија се поврзува со неизлечливи пациенти, прашувајќи ги како тие ги доживуваат посебните искуства со оние на умирање, па и со оние кои се имаат „вратено од мртвите“, односно доживеале клиничка смрт.

Сфатила дека луѓето чувствуваат кога ќе им дојде судниот час. Во период од 72 часа пред смртта, тие почнуваат да зборуваат за метафорични патувања. Терминологијата се разликува, па едни ги бараат своите чевли, други авионските карти, а трети повторуваат дека сакаат „да си одат дома“, иако всушност се дома.

„Во моментите додека лежеше на смртна постела, мојата сестра, заболена од рак на дојка, упорно повторуваше ‘јас не знам како да си одам’, а дури спомнуваше и некои ‘несреќни стјуардеси’.“

Болничарката Меги Каланан, која работела во Центарот за палијативна нега во Вирџинија го забележува прашањето на еден пациент заболен од рак на панкреасот кое го поставил токму во смртниот час: „Дали мојата жена знае сѐ во врска со пасошите и картите?“

Мери сковала и посебен термин „свест за блиска смрт“ и го користи во својата книга „Финални подароци: разбирање на специјалната свест и потребите на оние на умирање и комуникација со нив“. Таа била во ситуација да негува стотина пациенти сѐ до својата смрт и смета дека визиите за патувањата не се чиста случајност.

Смртниците често имаат привидувања за кои здравите луѓе веруваат дека се просто резултат нa јаки аналгетици, но дали е всушност така?

Во една голема меѓународна студија, која ја спровеле психолозите д-р Карлис Осис и д-р Ерлендур Харалдсон од Исландскиот универзитет, е утврдено дека повеќето пациенти кои сѐ уште свесни неколку часа пред својата смрт ги гледаат своите сакани кои веќе имаат починато, без разлика на тоа дали примале такви лекови или не. Студијата опфатила личности од сосема различни култури од САД и од Индија.

„Кога разговарав со пациентката Одри Скот (84), која умираше од рак, ми зборуваше како на посета ѝ дошол нејзиниот посвоен син Френки, кој инаку починал неколку години претходно. Тој, според нејзините зборови, седел мирно во фотелјата покрај неа кога и да дошол.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Olivia Reply

    Mojat tatko se razboli I vo nepolni 3 nedeli p ocina nemeses apetit I samo spiese doctorate mislea deka mu e osteten gigerot ne rak Za 14 dena jas bev do nego Na bolnica do posledniot moment imase svest 4 5 minutia pred da porcine. podstana se nasmevna i mi rece day mi voda voda se Napi voda I so nasmev Na liceto si Zamina nikakvi bolki nemase samo nemase apetit I nemase energia

Остави коментар