2-годишно дете со неверојатни кошаркарски способности
На ова двегодишно слатко детенце постојано му расте популарноста на интернет, а причина за тоа е видеото кое неговите родители го објавиле на ЈуТјуб, во кое тој покажува дека може да го погоди кошот во секоја положба и од секој агол. Од 3 февруари до денес, видеото има над 3.5 милиони прегледи.
Видеото со Тајтус Ашби стана вирален хит, поради тоа што и покрај неговиот мал физикус, без проблем фрла кош за кош, дури и во лежечка позиција и постигнува поени кои не може да ги постигне ни некој 8 пати постар од него. Видеото е снимено во периодот кога Тајтус бил од 18 до 24 месеци стар.
Таткото на Тајтус, Џозеф Ашби, во описот под видеото напишал: „Тој почна да игра баскет многу кусо откако почна да оди, па почнавме да снимаме и тотално се занесовме. Ова е видео со трикови, кое прави останатите видеа со трикови да личат како да се креирани од еден куп стари мажи, кои имаат попаметна работа, како на пример да одат во пензија, да го вклучат нивниот пејсмејкер или да одат во старечки дом.“
Што мислите, дали детево ќе биде следниот НБА шампион? 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.