29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството - Part 3

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

15. Black & White (2001)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Иако постојат неколку продолженија, ништо не се споредува со оригиналот. Оваа игра навистина го тестира вашиот морален компас кога одлучувате за следниот потег. Покрај тоа, можете да имате ваше суштество.

16. Warcraft III: Reign of Chaos (2002)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Епски битки, неверојатни кампањи и по некоја сцена за приказната ја прават оваа игра неверојатно искуство. А ако сте успеале да најдете некои кодови за мамење, тогаш сигурно навистина сте се забавувале.

17. Tekken 3

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Комбинацијата од музика, графика и звучни ефекти ја направија Tekken 3 една од најдобрите боречки игри.

18. Mortal Combat: Deception (2004)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Како и претходната, и оваа игра го направи стискањето на копчиња навистина интересно. Ретко кој ги знаел вистинските комбинации на копчињата.

19. Mario Party 5 (2003)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Ова е најдобрата игра за играње во друштво. Мини-игрите, иако се едноставни, знаеја како да го изнервираат и најискусниот играч.

20. Zoo Tycoon (2001)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Навистина е интересно да градите засолниште за вашите животни, да ги задоволувате потребите на муштериите и да го разработите бизнисот.

21. The Simpsons: Hit & Run (2003)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Ако мајка ви не ви дозволувала да ја играте GTA, тогаш ви останувала само оваа игра. Признајте дека неколку нивоа ве натерале да го удрите екранот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар