28 работи кои само сестрите ги разбираат

28 работи кои само сестрите ги разбираат

Нема ништо посилно од сестринската љубов и грижа. И покрај сите караници и несогласувања, сестрата е таа која знае да го даде најдобриот совет и да ве заштити кога тоа е потребно. Без разлика дали сте најстарата, најмалата сестра или некаде во средина, постојат некои универзални вистини прифатени од сите сестри. Ова се најточните 28, во кои сигурно ќе се пронајдете…

28 работи кои само сестрите ги разбираат

1. Во вашиот тоалет постојано има еден куп коса за која никој не презема одговорност.

2. Битките против вашите родители ги водите сложно и заеднички.

3. Потајно ви недостасуваат деновите кога мајка ви ве облекуваше исто.

4. И кога моравте да делите соба.

5. И сè уште делите соба кога патувате заедно.

6. Но, исто така и се карате за тоа кој ќе го добие подобриот кревет.

28 работи кои само сестрите ги разбираат

7. Вие секогаш смеете да ја носите нејзината облека (таа не ја ни носи кожната јакна како и да е). Но, истото не важи за неа кога таа без прашање ќе го позајми вашето најново фустанче.

8. Доколку вие сте постарата сестра, секогаш се нервиравте кога родителите ќе ѝ дозволеа нешто на сестра ви, што вам не ви било дозволено. Ако сте помалата, ја искористувавте оваа ситуација и уживавте во секоја секунда.

9. Го имате усовршено суптилното превртување на очите уште од многу рана возраст.

10. Додека растевте, вашите пријатели мислеа дека вашата сестра е многу слатка или многу кул иако вие знаевте колку е всушност досадна.

11. Вашите караници никогаш не биле физички, туку барале совршено обмислена стратегија, напнато чекање и психолошка војна.

12. Имаше еден волшебен период пред да отидете на факултет кога сите жени во куќата добивате менструација истовремено. Кутриот татко!

13. Сакате да ја чуете бруталната искреност на вашата сестра, но обично се лутите откако ќе ја чуете вистината.

14. Вашите родители сè уште ви ги мешаат имињата.

15. И сите ви велат дека многу си личите иако тоа воопшто не е така и вие сте комплетно посебни личности.

28 работи кои само сестрите ги разбираат

16. Си имате ваши филмови, кои од некоја причина никој друг не ги разбира.

17. И таа е единствената личност на која можете да ѝ се заканите да ви ја лајкне сликата на Инстаграм, без да звучите како лудак.

18. Се пронаоѓате во сестрите Кардашијан повеќе отколку што сакате да признаете.

19. Знае премногу засрамувачки приказни за вас, но не ги кажува никому затоа што и вие знаете исто толку за неа.

20. Никој на светот нема да биде толку искрен како неа кога се работи за вашиот сакан. И колку и да не сакате да признаете, таа е обично во право.

21. Можете да ѝ се јавите во кое било време за што било, бидејќи ниту една тема не е забранета.

28 работи кои само сестрите ги разбираат

22. Секогаш знае кога лажете и го препознава тоа додека да трепнете.

23. Поголемиот дел од вашите шеги немаат никаква смисла за останатите луѓе.

24. Кога подобро ќе размислите, вие си имате и свој јазик кој само вие го разбирате.

25. Се разбирате дури и само со поглед.

26. Секогаш имате кому да му пратите порака кога сте сами, а не сакате да изгледате како чудаци.

27. Таа може да биде најдосадната личност во светот, но ако некој каже нешто лошо за неа вие ќе ја браните до смрт!

28. Затоа што, ете, толкава е сестринската љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар