28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

Постојат две работи што ги сакаме најмногу на светот: Лето и штедење пари. Можеби мислите дека не можете да се забавувате без доволно пари, но тоа е далеку од вистината. Не заборавајте дека најдобрите работи во животот се бесплатни. Во продолжение прочитајте ги следниве 28 работи кои никако не смеете да пропуштите да ги направите, а кое ќе ви го направат летото посебно и незаборавно.

(1) 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

1. Ручајте во природа.

2. Не престанувајте да ги слушате апсолутните летни хитови, дури и да се работи за песна од Аријана Гранде.

3. Спортувајте. Или барем научете некоја нова друштвена игра за во природа.

4. Нека ви се смачи од летните хитови по сите тие караоке забави во автомобилот.

5. Одете во музеј. Искористете го слободното време за да научите нешто ново и корисно.

6. Посетете ја најблиската река или езеро.

7. Поминете време со вашето семејство и прошетајте ги најмалите членови од него во блискиот центар. Однесете ги во кино!

8. Облечете ги вашите омилени бели фармерки.

9. Истурете црвено вино на гореспоменатите фармерки и посакајте да го купевте потемниот пар пантолони.

10. Прочитајте го оној роман со сексуална содржина кој одамна ве привлекува, но досега не сте се осмелиле да го почнете. Никој нема да ве суди на плажа!

11. Потсетете се на сите оние лектири што сте ги имале како дете и бидете благодарни што не треба да пишувате за авантурите на Робинзон Крусо.

12. Секое јадење приготвувајте го на скара.

13. Конечно симнете ја апликацијата Снепчет.

14. Организирајте вечер на друштвени игри.

(2) 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

15. Потоа организирајте вечер на гледање филмови и прејадете се со пуканки.

16. Потсетете се на вашиот прв летен одмор во основно училиште.

17. Јадете пченка колку што можете повеќе.

18. Однесувајте се како турист во вашиот роден град.

19. Гледајте го зајдисонцето.

20. Дремнете еднаш. Или три пати.

21. Гответе работи за кои не е потребна рерна.

22. Одберете нова ТВ серија и изгледајте ги сите сезони за не повеќе од два дена.

23. Одете на кампување. Не е важно што тоа би било во вашата градина и што веднаш би избегале дома откако ќе ве нападнат комарците.

24. Дознајте како да се заштитите од комарците за нареден пат.

25. Ставете си парчиња краставици или компири на вашите очи за да ги оладите и освежите.

26. Направете си домашен сладолед.

27. Вежбајте јога на отворено и медитирајте.

28. Дремнете си уште еднаш. Го заслуживте одморот!

(3) 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Тотално бескорисна статија.

Остави коментар