26-годишна девојка која ги менува стандардите за убавина
Сара Гертс имала само 10 години кога ѝ било дијагностицирано ретко нарушување на кожата што влијае на производството на колаген. Како резултат на ова, Сара има кожа на која се појавуваат трајни брчки и таа изгледа многу постаро. Но Сара, која денес работи како модел, сака да му покаже на светот дека нема од што да се срами.
„Мојата кожа беше мојата најголема несигурност, но сега сметам дека е најубавото нешто на мене. Секоја несовршеност која ја имаме е само наша, и таа несовршеност раскажува приказна за нас, за нашата борба и за патот кој сме го поминале.“
Сара потекнува од Минесота, а сега живее во Лос Анџелес, и нејзината мисија е да ги промени стандардите за убавина.
„Ќе сретнете луѓе на кои ќе им се гади од вас. Вие сте различни. Луѓето не знаат како да реагираат или како да прифатат некој кој не ја следи толпата… Тие не се навикнати на некој што не се вклопува. Па наместо да ја истакнат вашата уникатност, тие ќе направат да се чувствувате како чудаци и оштетени. Јас сум овде да ви дадам еден совет: Не грижете се за нивното мислење.“
Погледнете ги останатите фотографии на следната страница…