25 знаци дека сте пријателки цела вечност
Се дружите уште од мали нозе и кога некој ќе ве праша колку долго сте другарки, треба да застанете за момент и да почнете да ги броите годините. Искреното и верно пријателство е најпрекрасната работа на светот. Да, некогаш вашата другарка може да ви оди на нерви, но знаете дека би направиле сешто за неа, како и таа за вас.
Ова се 25 знаци кои јасно ви даваат до знаење дека вие две сте најдобри пријателки веќе многу долго време.
1. Твоите родители знаат сè за неа. Не само името и презимето. Знаат каде живее, каде работат нејзините родители, а вашата мајка го има нејзиниот телефонски број меморирано во контакти.
2. Кога одите на кафе или во ресторан, во 90% од случаите, точно знаете што ќе нарача.
3. Напамет го знаете целиот нејзин плакар, и информирани сте за секое ново парче облека. Буквално можете по телефон да ѝ дадете совет како да се облече за одреден настан.
4. Сте биле заедно на одмор/викенд.
5. Секогаш први се јавувате една кај друга во итен случај.
6. Твоето милениче исто како да е нејзино, и обратно.
7. Знаете премногу за нејзините врски како и најинтимни детали за нејзиниот сексуален живот.
8. Доколку една од вас се пресели во друг град/држава, и се видите по неколку месеци, чувствувате како меѓу вас ништо да не се изменило.
9. Во случај таа да не е дома може слободно да се напиете кафе и да помуабетите со нејзината мајка (секако, не откривајќи ниедна од нејзините тајни).
10. Се разбирате со поглед.
11. Веќе имате најмалку една тетратка со ваши анегдоти и „бисери“.
12. Во вашиот плакар имате парче облека кое ѝ припаѓа нејзе.
13. Вашите непријатели се и нејзини непријатели, и обратно.
14. Никогаш не би дозволиле да купи нешто што не ѝ стои добро, ниту пак да направи нешто за што мислите дека е многу глупава одлука.
15. Имате куп скриени шеги кои само вие ги разбирате.
16. Целосно го прифаќате нејзиното лудило. Си зборува со нејзината мачка или има навика да пее во фенот замислувајќи дека е микрофон. Што ви е гајле, радо би ѝ се придружиле.
17. Сте си доделиле една на друга улоги од разни серии. Ти си Кери, јас сум Саманта и сл.
18. Знаете дека на вашата свадба таа ќе држи здравица, ќе игра на стол и најверојатно на крајот на веселбата ќе биде најпијаната меѓу сите гости.
19. Кога ќе забележите стари жени како одат по улица или пијат кафе, се замислувате себеси по 50 години.
20. Често ви се случува да дадете одговор во нејзино име, и обратно.
21. Нема теоретска шанса да ви го утне подарокот за роденден (барем не ненамерно).
22. Сте поминале заедно некој голем празник. Била на бадниковата трпеза кај вас дома, а вие сте биле кај неа на ручек за Велигден.
23. Се има појавено на твојата врата со кутија колачи откако по гласот познала дека не се чувствуваш добро.
24. Некогаш дури и најневеројатни работи ве асоцираат на неа. На пример разгледувате низ некој бутик и здогледувате парче облека кое навистина ѝ е по вкус.
25. Во моментов ѝ се јавувате на телефон да ѝ кажете што сте прочитале и колку е неверојатно тоа што поголем дел од горенаведеното важи за вас две.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
sekako niedno od ovie znaci ne e tochno bidejki normalno deka ni vo prijatelstvoto ne moze da bide se sovrsheno… 🙂
Izgleda ti ne si imala niedna tolku dobra prijatelka pa stom go tvrdis toa… Ne deka site se tocni, no golem del od niv se 🙂