25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

Постојат вистини кои многумина не сакаат да ги слушнат. Понекогаш тие се поврзани со сериозни нешта, а понекогаш се дури и смешни. Како и да е, вистината може да биде навистина тешка за слушање. Не затоа што не сакаме да ја знаеме, туку затоа што може да биде непријатна. Погледнете ги 25-те вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат.

25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

1. Вие сте негативецот во нечија приказна. Без разлика колку мислите дека сте добри, секогаш постои барем една личност која нема убаво мислење за вас.

2. Не сте посебни. Дури и да сте едни во милион, сè уште има барем 7.000 други луѓе кои се потполно исти како вас.

3. Некои од најдобрите сеќавања што ги имате од детството најверојатно се лажни. Мозокот едноставно сака да си измислува работи.

4. Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат бидејќи животот не е фер. Покрај тоа, ако би бил фер повеќето од нас не би добивале ништо добро.

5. Вие сте незначајни за остатокот од светот како што вам ви се незначајни странците кои секојдневно ги поминувате на улицата.

25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

6. Еден ден ќе бидете целосно заборавени од сите на Земјата.

7. Научниците се речиси убедени дека тираносаурусот рекс не рикал.

8. Мали бубачки ја јадат кожата на вашето лице додека спиете.

9. Изгледот е важен во секојдневниот живот. Истражувањата покажале дека атрактивните луѓе имаат повеќе можности и подобро се третирани.

10. Повеќето од најубавите нешта кои се кажани за една личност се за време на нејзиниот погреб.

25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

11. Вие сте виновни. Можеби не за сè, но за поголемиот дел од работите да. Можеби е непријатно да го прифатите ова, но тоа е прв чекор кон сфаќањето дека можете да контролирате барем дел од животот и да го направите подобар.

12. „Ми се допаѓаш само како пријател.“

13. Повеќето работи во животот не можат да бидат решени со едноставни решенија. Многу често и двете страни грешат, или пак и двете страни се во право.

14. Шеќерот е дрога.

15. Некои луѓе навистина немаат предност поради нивното потекло. Ако пораснете во лошо соседство без пари и го прескокнувате училиштето поради семејни проблеми, без разлика колку се обидувате, секогаш ќе бидете малку поназад од останатите. Многу е полесно да успеете ако доаѓате од добро и безбедно семејство, со добро училиште и доволно пари за најосновните работи.

25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

16. Во главно, луѓето сакаат да напредувате и да бидете успешни, но не повеќе од нив.

17. Вашиот измет се разнесува насекаде во просторијата кога пуштате вода без да го спуштите капакот на тоалетната школка.

18. Секој си ги чепка носот, дури и личноста што ви се допаѓа.

19. Во некој момент од животот, вашите родители сигурно посакале да немале деца.

20. Во 21-от век, повеќе луѓе ќе умрат од прејадување наместо од глад.

25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

21. Пушачите го чинат здравствениот систем помалку пари бидејќи умираат помлади.

22. Личноста што има најголеми шанси да ве убие сте самите вие.

23. Имате 4 пати поголеми шанси да се удавите во кадата отколку да бидете убиени од терорист.

24. Поради популарноста на онлајн запознавањето, голем број луѓе прв пат го виделе својот сопружник додека биле во тоалет.

25. Нашите електронски направи, облека и храна во најголем дел се резултат на човечки робови, многу ниски плати и ужасни услови за работа.

Прочитајте ги и овие болни вистини за животот кои мора да ги знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар