25-те најтешки јазици за учење - Part 4

25-те најтешки јазици за учење

16. Хрватски

25-те најтешки јазици за учење

Хрватскиот е еден од официјалните јазици на Европската Унија. Основан е на дијалектот на источнохерцеговински кој е основа на други јазици како српски и босански. Иако нам ни е лесен бидејќи е разбирлив со македонскиот, овој јазик може да биде предизвик за луѓе со друг мајчин јазик.

17. Унгарски

25-те најтешки јазици за учење

Официјалниот јазик на Унгарија е исто така официјален во Европската Унија. Се зборува и во Словачка, Украина, Србија и Романија. Ѝ припаѓа на уралската група јазици.

18. Галски

25-те најтешки јазици за учење

Ова е келтски јазик кој го зборуваат луѓето од Шкотска. Потекнува од средноирскиот јазик, исто како и модерниот ирски јазик.

19. Јапонски

25-те најтешки јазици за учење

Ова е националниот јазик во Јапонија и го зборуваат над 125 милиони луѓе низ целиот свет. Се смета за еден од најтешките јазици во светот поради неговата врска со кинескиот.

20. Албански

25-те најтешки јазици за учење

Албанскиот го зборуваат луѓето во Косово, Албанија, Бугарија и Македонија. Овој јазик е стар со векови и прв пат бил зборуван во старите населби во Црна Гора, Италија и Грција. Има сличности со германскиот и грчкиот, но неговиот вокабулар е уникатен.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар