25 шокантни факти за Пабло Ескобар
И после многу години, воодушевувањето за животот на Пабло Ескобар не се намалува. Поп културата е навлечена на приказната за овој нарко бос, а тоа не треба да нè изненадува. Луѓето сакаат да слушаат приказни за криминалци исто колку и за херои, а Ескобар бил еден од најуспешните криминалци во историјата. Дознајте како се искачил на врвот на криминалното подземје преку овие неверојатни факти.
1. Како мал, Пабло Ескобар крадел надгробни споменици и ги продавал. До својата 20-та година тој крадел автомобили и продавал канабис со тоа заработувајќи си репутација во колумбиското подземје.
2. Пабло бил роден во сиромашно семејство. Татко му бил фармер, а мајка му учителка. Неговите родители ретко биле во можност да купат храна за него и сите негови браќа и сестри.
3. Шверцувањето кокаин во САД било тешко за Пабло, па тој станал навистина креативен. Го криел кокаинот во авионските гуми кои оделе кон САД и потопувал облека во течен кокаин кој подоцна бил одделуван.
4. Не само што често шверцувал кокаин со авиони во САД, тој купил и подморница со далечински управувач и паркирал 2.000 килограми кокаин во Мајами.
5. Тој станал толку успешен во внесувањето кокаин во САД што кога бил во „најдобра форма“ шверцувал и до 50 тони кокаин дневно.
6. За време на неговото владеење како „Кралот на кокаинот“, Пабло бил одговорен за снабдување на 80% од оваа дрога во целиот свет.
7. Пабло станал најбогатиот човек на светот со богатство кое изнесувало околу 30 милијарди евра.
8. Пабло имал проблем со трансферот на кешот што го заработувал секој ден. За да го реши овој проблем, тој купил авион во кој собирало и до 100 милиони евра.
9. Бидејќи не можел да ги чува парите во банка, годишно губел околу 2 милијарди евра поради влага и глувци.
10. Со неговото огромно богатство Пабло купил огромна вила и направил своја зоолошка со слонови, ноеви, зебри, камили, жирафи, па дури и нилски коњи.
11. Бидејќи имал многу кеш, наводно Пабло закопал милиони низ селата во Колумбија. Голем дел од овие пари не се пронајдени и никој не знае каде се.
12. И покрај тоа што уништувал животи и заедници, Пабло сепак им бил идол на многумина. Некои Колумбијци му го дале прекарот „Робин Худ“ бидејќи донирал милиони за локалната заедница, градел фудбалски игралишта и ги вдомувал бездомниците.
13. И картелите за дрога имаат свои трошоци како и секој друг бизнис. Пабло трошел околу 2.000 евра месечно за ластик со кој ги врзувал своите пари.
14. За да стекне уште повеќе моќ, Пабло се пријавил на изборите за колумбискиот конгрес во 1982-ра година. Две години подоцна протекле информации за неговото богатство па бил присилен да даде оставка. Тој го убил министерот за правда кој ја пуштил информацијата во јавноста.
15. Продавањето дрога било само дел од злоделата на Пабло. Неговиот картел киднапирал, поткупувал и убивал. Некои претпоставуваат дека Пабло е одговорен за смртта на околу 5.000 луѓе.
16. Во 1985-та година, левичарска група позната како М19 го нападнала судот во Колумбија и зела неколку заложници, вклучувајќи и неколку врховни судии. До крајот многу од заложниците биле убиени задно со 11-те судии. Ескобар ја поддржал и ја финансирал групата за овој подвиг.
17. Кога колумбиските власти го претресувале неговиот дом, тие откриле шпанско издание на книгата „Моќта на позитивното мислење“ (Тhe Power of Positive Thinking).
18. Бидејќи сакал да го убие колумбискиот претседател Цесар Гавириа Трухило, Пабло поставил бомба на авионот Avianca Flight 203. Бомбата убила 107 луѓе, а обидот за атентат бил неуспешен.
19. Како услов за предавање, Пабло изградил свој луксузен затвор наречен „Катедрала“. Во затворот имало огромни телевизори, маси за билјард, бар и просторија во која ги одржувал венчавките. По само една година избегал од својот затвор.
20. За да добие имунитет, Ескобар понудил да го исплати масивниот долг на Колумбија од околу 15 милијарди евра. Оваа понуда, се разбира, била одбиена.
21. Додека Пабло и неговото семејство се криеле во планините на Колумбија, неговата мала ќерка добила хипотермија. За да ја затопли, Пабло изгорел банкноти во вредност од речиси 2 милиони евра.
22. Речиси деценија пред да почне со бегството, Пабло се венчал со 15-годишна девојка по име Марија Викторија Хенао. Заедно имале 2 деца.
23. Пабло бил бркан од ЦИА и од Колумбиските специјални сили и конечно би фатен во скривалиште во Меделин. Наводно, тој трчал на покривот и бил застрелан од Колумбиските специјални сили. Сепак многумина тврдат дека тоа не е точно и дека се самоубил.
24. Погребот на Пабло не бил тивок. Локалните жители го сакале толку многу бидејќи градел куќи, цркви и фудбалски игралишта, па на погребот имало илјадници луѓе.
25. По неговата смрт големиот имот на Пабло, Hacienda Napoles, бил ограбен и напуштен. Подоцна бил претворен во тематски забавен парк и денес е отворен за јавноста.
Прочитајте и нешто повеќе за некои од најпознатите криминалци во историјата.