25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателки

25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателки

Пријателката која ве поддржуваше првиот пат кога ви беше скршено срцето има посебна вредност. Таа сигурно ги знае сите ваши други тајни, а во нејзино друштво се чувствувате најопуштено. Станува збор за пријателката од вашите средношколски денови што е многу драгоцена за вас. Првите работи секогаш се паметат, а повеќето од нив сигурно сте ги направиле заедно со вашата пријателка од средношколските денови.

25 причини зошто пријателките од средношколските денови секогаш ќе ви бидат најдобри пријателки

Заедничкото откривање на светот и тинејџерската перцепцијата според која дури и најмалите работи се од витално значење го направија своето – пријателствата од клупите се сметаат за посебни и вечни. Погледнете го овој список со причини зошто таа има посебно место во вашето срце.

1. Таа знае за сите срамни работи што ви се случиле во животот.

2. Сè уште имате парчиња облека што сте ги позајмиле една од друга пред многу години.

3. Се заколнавте дека ќе присуствувате на вашите венчавки.

4. Блиски сте со нејзиното семејство, а и таа со вашето.

5. Пријателката од средно училиште знае сè за вашите симпатии и момчиња, како и вие за нејзините.

6. Бевте поддршка една на друга кога првпат ви го скршија срцето.

7. Заедно преживеавте многу турбулентни и бурни периоди од животот.

8. Сте направиле безброј аргументирани дебати и сте целосно отворени една кон друга.

9. Може да се сетите на вашите несмасни инциденти и да се смеете за тоа многу години подоцна.

10. Можете да се сетите и да ги озборувате сите од вашата генерација.

11. Никогаш не можете да криете од неа како навистина се чувствувате.

12. Се чувствувате најудобно и најопуштено во нејзиното друштво отколку во друштво на која било друга пријателка.

13. Останавте блиски дури и додека студиравте, па дури и ако сега живеете во различни градови.

14. Една за друга знаете и некои од најстарите тајни.

15. Таа разбира низ што сè требало да поминете за да бидете личност што сте денес.

16. Може да се однесувате сосема чудно и невообичаено, но тоа нема да ја исплаши или да ја оттргне од вас.

17. Кога повторно ќе се сретнете, тоа се најдобрите и најзабавните собири.

18. Вие сте кралици на најдобрите и тотално совршени инсајдерски шеги.

19. Пријателката од средно училиште знае сè за работите што не ви се допаѓаат.

20. Во текот на тие четири години, веројатно никогаш не сте поминале толку многу време дружејќи се со некоја друга пријателка.

21. Спомените при слушањето на старите песни не се толку живи со никој друг.

22. Никогаш нема да се чувствувате непријатно во нејзиното друштво и нема ништо што може да ве извади од такт.

23. Секогаш сте возбудени кога ѝ кажувате за вашите достигнувања.

24. Знаете дека нејзината пријателска љубов е безусловна.

25. Само вие знаете за прекарите кои можеле би сакале и да ги заборавите.

Прочитајте ги 20-те најдобри љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар