25 помалку познати факти за менструацијата
11. Месечниот циклус трае малку покусо од еден месец
Иако се верува дека месечниот циклус се определува по фазите на Месечината, сепак тој просечно доаѓа на 28-29 дена – што го прави совршен за февруари, но не и за останатите месеци.
12. За време на поладните месеци менструациите се потешки
Нивото на болка, течењето на крвта и времетраењето се поголеми во зимските месеци, отколку во летните.
13. Не е научно докажано дали е вистина дека жените кои живеат заедно имаат синхронизирани менструации
Иако многу жени се колнат дека добиваат во исто време со нивните блиски пријателки, науката сѐ уште не дала одговор на ова прашање.
14. Менструацијата не се состои само од крв
Исто така може да содржи откинати парчиња од матката – што ѝ дава погуст изглед.
15. Менструацијата може да ви го промени гласот
Едно истражување објавено во весникот Етологија тврди дека мажите кои слушале снимки од жени коишто зборуваат, можеле да разликуваат која има добиено, која нема. Се претпоставува дека тонот на жените кои имале менструален циклус бил малку пострашен од вообичаено.
16. Можете да забремените за време на месечниот циклус
Не е веројатно, но е возможно затоа што спермата може да преживее во вагината дури една недела. Ризикот од бременост е најголем за време на секс при крај на менструалниот циклус.
17. Ако крварите, тоа може да биде знак на бременост, а не на менструација
Само затоа што крварите, не значи дека имате добиено менструација. За време на раните фази од бременоста, жените може да искусат мало крварење поради имплантација на оплодената јајце клетката на ѕидот на матката.
18. Вашето тело ги портретира симптомите на бременоста пред менструалниот циклус
Во деновите пред да го добиете месечниот циклус, вашето тело лачи хормони кои создаваат чувство на подуеност, акни, раздразливост и задржување на течности – ова се истите симптоми кои се забележливи за време на бременоста.
19. Човечките женки се едни од најретките цицачи кои искусуваат менопауза
Останатите два вида се слоновите и китовите.
20. ПМС-от може да ве направи понасилни
Едно истражување во женски затвор заклучило дека поголема е веројатноста жените да извршат акт на насилство пред да го добијат месечниот циклус отколку непосредно после добивањето.
21. Додека имате менструација размислувате како маж
Ниското ниво на естроген за време на менструацијата ги засилува машките когнитивни вештини – како просторното размислување.
22. Менструацијата може да предизвика дефицит на железо
Губењето на крвта значи и губење на железото, а тоа може да предизвика чувство на замор.
23. Потребни ви се телесни масти за да можете да добиете менструален циклус
Ако мастите во телото паднат под 8-12% нема да можете да добиете месечен циклус. Масните ќелии се поврзани со нивоата на естроген и се неопходни за размножување и менструација.
24. Во Америка, менструалните симптоми предизвикуваат губење на 100 милиони работни часови годишно
И тоа е вистинско оправдување – такво кое мажите никогаш нема да го имаат.
25. За време на менструација може да прокрварите од други места освен од вагината
Тоа е многу ретка медицинска состојба во која жените безопасно крварат од нивната уста, уши, бели дробови, очи и кожа. Не е познато зошто се случува ова, но се случува.