25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

Вселенското патување е следниот голем чекор на човештвото, но ретко е прикажано како кошмар. На пример, сите знаат за Нил Армстронг и неговиот подвиг на Месечината, но знаете ли како одел во тоалет? Едноставно кажано, вселената не е толку гламурозна како што изгледа. Овие факти ќе ви го докажат тоа.

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

1. Бактерии

Можеби мислите дека вселенските станици се беспрекорно чисти, но важи спротивното. Тие се валкани како дом што не бил исчистен со недели. Научниците откриле околу 4.000 разни бактерии и микроби кои живеат со астронаутите.

2. Вселенска болест

Кога ќе се земе предвид силата потребна за да се лансираат ракетите, како и недостигот од гравитација, не е чудно што повеќето астронаути страдаат од вселенска болест, односно од синдромот на вселенско прилагодување. Покрај проблеми со менталните способности, тие страдаат и од гастроинтестинални нарушувања, вртоглавица и гадење.

3. Слуз

На Земјата слузот се празни од носот и низ грлото без воопшто да забележите. Но, во вселената, бидејќи нема гравитација, целиот завршува во синусите. Повеќето астронаути користат лута храна за да се ослободат од него.

4. Мозок

Штом ќе се најдете во вселената, крвта веќе не циркулира како на Земјата. Наместо да оди кон стапалата, може да се искачи до мозокот. Околу 4 дена откако ќе пристигнат, астронаутите се отечени бидејќи имаат вишок крв во черепот. По некое време телото им се прилагодува на околината.

5. Зачини

Користењето зачини е бесполезно во вселената бидејќи ќе завршите со сол и бибер во воздухот. Астронаутите користат зачини во течна форма.

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

6. Мртва кожа

На Земјата мртвата кожа паѓа постојано без да забележите. Но во вселената нема гравитација за тоа. Поради ова астронаутите често се соочуваат со „облаци“ од мртва кожа.

7. Храна од шише

На почетокот на вселенските патувања добрата храна не била приоритет на НАСА. Поради ова Џон Глен и многу астронаути имале проблеми со јадењето, најчесто бидејќи целата храна била од шише.

8. Мирис

Дали сте се запрашале како мириса вселената? Кога астронаутите се враќаат од „вселенска прошетка“ и ги отстрануваат скафандерите, пречекани се од чуден мирис. Често го опишуваат како расипано месо или сулфур. Со други зборови, вселената смрди.

9. Мирис во вселенскиот брод

Астронаутите треба да се справат и со мирисот на вселенските бродови и станици бидејќи во нив има многу луѓе. Иако од НАСА се обиделе да го решат проблемот и инсталирале разни направи за отстранување на миризбата, познатиот астронаут Скот Кели тврди дека Интернационалната вселенска станица мириса како затвор.

10. Облека за апсорбирање

Ова парче облека, едноставно кажано, е пелена за возрасни што ја носат астронаутите. Астронаутите се соочени со многу одложувања кога чекаат да ги лансираат и не можат да станат кога сакаат. Поради ова носат пелена ако мораат да одат во тоалет. Астронаутот Алан Шепард е првиот кој уринирал во неговиот скафандер.

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

11. Ненадејно уринирање

Во нулта гравитација нервите кои ви кажуваат кога е време да го посетите тоалетот не работат како на Земјата. Најчесто причината е бидејќи течноста во мочниот меур не се наоѓа на дното. Меурот само се полни до крај и може да ве присили да уринирате без да забележите.

12. Пиење на сопствената урина

Во вселената баш и нема изобилство вода. За да го решат овој проблем, астронаутите пијат рециклирана вода од нивната урина. Машината што го прави ова за нив чини околу 250 милиони евра.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар